Блажиќ „Цел живот се жртвував, знам што ме чека, мртов сум“:

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, обвинет за масакрот во селата кај Младеновац во кој беа убиени девет лица. На почетокот на судењето, Стефан Стефановиќ, адвокатот на семејствата на убиените деца, побара како доказ да бидат доставени IP-адресите на Урош Блажиќ, неговиот татко, како и на сите луѓе со кои комуницирал непосредно пред масакрот а …

Continue Reading

Претрес во Куманово, пронајдена дрога

На 24.11.2024 во 17.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Во текот на една недела санкционирани 𝟤𝟢𝟨 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 18.11. до 24.11.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 206 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од ПОЦ. ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните …

Continue Reading

Уапсен државјанин на Турција, криумчарел мигранти

Денеска во 04.00 часот кај село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Т.Н.Ј. од Република Турција. При преглед во возилото „дачија дастер’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 15 лица мигранти, од кои шест малолетници. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, …

Continue Reading

Сменетата изјава на Кешишев нема доказна вредност, рече обвинителката која тврди дека имаат материјални докази оти Палевски стои зад убиствата

Обвинителството има материјални докази дека Љупчо Палевски-Палчо е сторител на убиствата на Вања и Панче, изјави обвинителката Ана Стојковиќ-Димитровска пред денешното рочиште. „После вербалните докази, ќе бидат изведени сите материјалните докази. Обвинителството смета дека од сите докази произлегува основаноста на обвинението“, рече Стојковиќ-Димитровска. Нагласи и дека промената на исказот на обвинетиот Влатко Кешишев нема никаква доказна вредност. Тој претходно достави …

Continue Reading

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Со концертот насловен „80 години – Љубов“, в четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го прослави својот јубилеј – осумдесет години од формирањето. На програмата е светска премиера на „Куклици“ од македонската композиторка Ана Пандевска, како и Концерт за пијано и оркестар во а-мол од Едвард Григ и монументалната Симфонија бр.1 – „Титан“ од Густав …

Continue Reading

Иранскиот врховен лидер бара смртна казна за Нетанјаху и Галант

Врховниот лидер на Иран, кој ги поддржува милитантите на Хамас и Хезболах во конфликтот со Израел во Газа и Либан, рече дека израелските лидери треба да се соочат со смртни казни, а не со налози за апсење. Ајатолахот Али Хамнеи се повика на одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) кој во четвртокот издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин …

Continue Reading

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Соопштението што на Меџити од неговото министерство за да си го покрие срамот кое очигледно во брзање му го напишале, толку е далеку од реалноста што навлага во сегменти кои се метафизички“, реагира Ирена Витина, советник во Совет на Град Скопје на изјава на Изет Меџити. „Министре Меџити! Министерството ниту аплицирало за проект ниту го добило, немој да го присвојуваш …

Continue Reading

Новата заменичка на Филипче: Мораме да ги вратиме слободоумните граѓани кои се разочараа од СДСМ

Убедена сум дека ќе го вратиме статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите на единствената државничка партија во Македонија – нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, порача новата заменичка-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30-ти Конгрес на СДСМ. Во обраќањето пред делегатите, Каранфилова-Пановска посочи дека во оваа фаза во која се наоѓа сега СДСМ, клучно е враќањето на …

Continue Reading