Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Фото/ facebook.com/fcsileks Силекс го победи Шкупи во Скопје, Гостивар со минимален резултат славеше над „фенерџијата“ Тикве, Работнички ја прекина серијата без победа против Беса, шампионот Струга ремизираше кај АП Брера, а Вардар одигра без голови во Охрид против Воска спорт. По некомплетното 15.коло во Првата македонска фудбалска лига, на првите две места се Гостивар и Силекс. На лидерската позиција може …

Continue Reading

Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица

Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица. Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета. Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална …

Continue Reading

На 53-годишна возраст почина поранешниот градоначалник на Крива Паланка, Мицевски

Почина поранешниот градоначалник на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. Тој имаше 53 години и беше градоначалник од 2017 до 2021 година. „Со длабока тага ја примив веста за смртта на Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка и наш соборец и сопартиец. Борјанчо беше човек кој искрено и посветено работеше за доброто на својата општина и за сите граѓани, секогаш воден …

Continue Reading

Нова спортска сала доби основното училиште „Наум Охридски“ во Булачани

Основното училиште „Наум Охридски“ во Булачани во општина Гази Баба, доби нова спортска сала. Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот Бобан Стефковски, објектот со површина од 550 квадратни метри, денеска беше пуштен во употреба. Станува збор за инвестиција од 29,7 милиони денари кои ги обезбеди локалната самоуправа. Честитајќи им на учениците, …

Continue Reading

На државно земјиште поставил метална ограда во должина од 74 метри

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Могорче за узурпација на недвижности. – Кривична пријава е поднесена против А.А.(20) од дебарското село Могорче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”, информираше  Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид, Според него А.А. на државно земјиште во атарот на …

Continue Reading

Флорентино Перез не се откажува: Суперлигата ќе ја врати големината на фудбалот

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез денеска одржа говор на Генералното собрание на клубот, каде уште еднаш ги нападна УЕФА, ФИФА, Лигата на шампионите и најави заживување на идејата за фудбалска Супер лига. Реал повторно влегива во отворена „војна“ со двете најголеми фудбалски организации, најмногу поради неуспехот, така барем смета Перез, во доделувањето на Златната топка. Реал смета дека …

Continue Reading

Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски

„Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем да бидат поделени на македонското стопанство“, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на …

Continue Reading

Дете фатено со марихуана во Карпош

Вчера во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Жена фатена додека краде во маркет во Прилеп

Вчера во 10.50 часот во маркет  лоциран на ул. „Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода М.К.(38) од прилепско. Таа била затекната при вршење на кражба во маркетот. Украденото е одземено и вратено на сопственикот. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading