Автомобил удри во велосипедист од Струмица, тешко повреден е

Вчера на булеварот Ленинова во Струмица, автомобил „сеат кордоба“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Д.Г.(33) од селото Радичево, општина Василево, удрило во велосипед управуван од В.Е.(54) од селото Сачево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен е увид.

Continue Reading

Скопјанка на 69-годишна возраст е жената која загина по удар на автомобил во Чаир

Шеесет и деветгодишна жена, со иницијали Н.П. од Скопје е починатата по ударот на автомобил во Чаир, објави МВР. Несреќата се случи вчера во 18.40 минути, на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје. Како што претходно беше објавено, автомобил „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 19-годишната А.Џ., удрил во жената, која од здобиените повреди починала на местото на настанот, …

Continue Reading

(Видео) „И јас сум Сирма” ја запали Македонија: лектира, историска читанка и „Оче наш“ на секој Македонец“

Најновата книга „И јас сум Сирма” на авторот Зоран Спасов Sоф ги сруши сите стереотипи за промоција не една книга. Издавачот „Арс Ламина” направи своевидна револуција во промовирањето на овој исклучително контроверзен роман. Горат социјалните мрежи, порталите, брендирани автобуси возат низ градот, дваесетметарски банер осамна спроти влада, на радиостаниците ги слушаме трите реклами со баритонот на Александар Микиќ… Двоецот Арс …

Continue Reading

(ВИДЕО) Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица, внимавајте што ви излегува од уста

На недоличните зборови упатени кон жени, сестри, мајки не им е местото во Собрание. Некултурно и девијантно однесување не смее да се толерира на ниедно место, а најмалку во законодавниот дом. Собранието е место каде што демократски се дебатира, а не е место за удирање со чевли по говорница или пак за упатување недолични зборови кон жените, изјави Жаклина Пешевска, …

Continue Reading

Украинскиот парламент ја откажа седницата поради закана од напад

Украинскиот парламент ја откажа седницата поради нова закана од напади. „Блумберг“ пренесува дека овој потег доаѓа откако Москва вчера истрелала експериментална балистичка ракета со среден дострел кон Украина. Како што најавија надлежните, пленарната седница ќе продолжи следната недела. Украина објави дека Русија вчера лансирала нов тип балистичка ракета кон градот Днипро, како најнова ескалација на непријателствата и алармантен сигнал до …

Continue Reading

Родри: Убаво е чувството кога Реал покажува интерес

Официјално најдобриот играч во светот минатата година, Родри, во деновите по добивањето на Златната топка, во неколку интервјуа зборуваше на многу теми, а во едно однив и за интересот од други големи клубови. Шпанскиот играч за врска оваа на самиот почеток, поради тешка повреда ја заврши сезоната. Тоа е голем удар за тимот на Пеп Гвардиола, а тоа го покажуваат …

Continue Reading

„Тажни се“: родителите на Бред Пит се загрижени дека никогаш повеќе нема да ги видат своите внуци

Родителите на Бред Пит, Вилијам и Џејн наводно се многу тажни бидејќи осум години немаат никаков контакт со внуците. Тие некогаш беа важен дел од нивниот живот, но поради долготрајната правна битка помеѓу Бред и Анџелина Џоли, нивната врска со внуците е целосно прекината. Бред и Анџелина имаат шест деца, Шајло (18), близнаците Нокс и Вивиен (16) и три посвоени …

Continue Reading

Силен земјотрес во Грција: Се стресе островот Кос

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри од градот Кефалос на островот Кос на длабочина од 104 километри. Засега нема информации за причинета материјална штета.

Continue Reading

Сомнителен пакет пред амбасадата на САД во Лондон, се слушнала експлозија, амбасадата е затворена

Амбасадата на САД во Лондон е затворена поради безбедносна тревога. Полицијата и пожарникарите се снимени пред зградата на амбасадата. „Свесни сме за шпекулациите на интернет за инцидент во близина на американската амбасада во Нин Елмс. Во областа се поставени кордони како мерка на претпазливост додека полицајците го истражуваат сомнителниот пакет“, се вели во соопштението на полицијата. „Локалните власти истражуваат сомнителен …

Continue Reading