Зеленски: Крим мора да и се врати на Украина преку дипломатски канали

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Крим, полуостров анектиран од Русија во 2014 година, ќе мора да и биде вратен на Украина преку дипломатски канали, а не преку воена сила. Во интервју за „Фокс њуз“, снимено во Украина додека бил во воз, Зеленски нагласи дека Украина не може да си дозволи да изгуби толку многу животи што би биле потребни …

Continue Reading

Средба на министерот Муцунски со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григоријан. На средбата министерот Муцунски ја потврди посветеноста на Владата на Република Северна Македонија како партнер на Обединетите нации, истакнувајќи дека напорите се насочени кон целосно исполнување на Целите за одржлив развој и реализација на …

Continue Reading

„Молитва“ една од трите најавени нови преработки што ќе се отпее на концертот „Македонијо во срце те носиме“ во Филхармонија

12 преработки на можеби најубавите македонски патриотски песни, исто толку изведувачи… 18 концерти низ цела Македонија, еден во дијаспората… вака некако низ бројки би можела да се опише двегодишната приказна наречена „Македонијо во срце те носиме“, што ја раскажуваат Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, ДНК, Наум Петрески, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Андријана Јаневска, Марија Спасовска, Огнен Здравковски …

Continue Reading

Снежен фронт над Австрија: Половина метар снег, температурите се спуштија до минус 19 степени

Снег падна во поголеми делови од Австрија. Силниот студен фронт донесе не само дожд и бурни ветрови, туку и многу снег, дури и во пониските предели. Се очекуваат значителни количества свеж снег, особено на Алпите. Австрија утрото го пречека под студен фронт кој не само што донесе дожд и снег, туку предизвика и бура, пренесува магазинот Феникс. Во Форарлберг, Северен …

Continue Reading

Реал на аукција ја продава соблекувалната

Реал Мадрид, најголемиот клуб во светот, и „Сотби“, кој има еднаков статус меѓу аукциските куќи, ги здружија силите во голем проект. Од 12 до 26 ноември соблекувалната на Реал Мадрид, која славниот клуб ја користеше од 2001 до 2022 година, ќе се најде на аукција. Како дел од големото реновирање и проширување на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, соблекувалната е отстранета, но …

Continue Reading

Следната недела ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиската писменост

Следната недела, од 26 до 28 ноември, ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија. Конкретно, организаторите се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување. …

Continue Reading

Колапс на јавниот превоз, скопјани се солидаризираат: „Застанете ако сте со автомобил, превезете некого“

Од синоќа, со оглед дека нема автобуси, на социјалните мрежи се споделуваат повици за оние кои одат на работа со автомобил да превезат некого кој очајно чека на автобуските постојки. – Апел до сите што одат на работа со сопствено возило да застанат на најблиската автобуска станица и да прашаат студенти, пензионери дали има некој да превезат до попатната дестинација, …

Continue Reading

Промоција на книги од проф. д-р Маријан Стевановски

Вечерва во Занаетчиски дом, Куманово се одржа промоција на пет книжевни дела, потпишани од проф. д-р Маријан Стевановски, во издание на Институт за наука, уметност, култура и спорт и Образовна академија Виртуал – М од Куманово: – “Вештачка интелегенција: Од научна фантастика до реалност”, – “Сајбер безбедност”, – “Современиот бизнис низ дигиталните патеки”, – “Управување со ИТ проекти и услуги”, …

Continue Reading

Сараево осамна под снег: Зимската идила направи колапс, сообраќајот забавен, тротоарите затрупани, гранки насекаде

Сараево утрово осамна под снегот. Снегот кој почна да паѓа во средата попладне во Босна и Херцеговина за кратко време предизвика бројни проблеми на градските улици и  автопатишта. Како што пренесува Кликс, најпрвин силен дожд, а потоа и поголемо количество снег предизвикале лизгави коловози, што довело до поголем број сообраќајни несреќи во Сараево. Од тежината на влажниот снег има многу …

Continue Reading