Законите важат подеднакво за сите: ДКСК за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители
Како што е утврдено со закон, ДКСК има обврска да спроведува превенција и спречување на можни злоупотреби на службената положба, судир на интереси и незаконско постапување. Во текот на спроведувањето на своите надлежности, ДКСК не ги оценува личните ставови или политичките интереси на засегнатите лица, туку исклучиво се води од факти и законски утврдени обврски, соопштија од комисијата. Секој е …
Continue Reading
(Видео) Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0 проценти ДДВ на храна и минимална плата 450 евра
Цените на храната и основните производи секојдневно растат, додека платите стагнираат, а Владата не презема никакви мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Вкупната вредност на синдикалната кошничка во месец ноември се зголеми и достигна огромни 62.021 денари. Има ново зголемување за 772 денари во однос на минатиот месец, истакна на прес-конференција Јованка Тренчевска, пратеничка на СДСМ. „Семејствата сè потешко …
Continue Reading
Овации за маестра Дијана Имери Илкоска во Софија
По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови меѓународни претставувања. Неодамна настапи со Софиската филхармонија како гостин-диригент на концертот насловен „Виолините на Бах“, на кој како солистки се претставија реномираните виолинистки Зорница Иларионова и Божидара Кузманова. Илкоска одново ја покажа својата „енергична, храбра, страствена и уникатна музичка експресија“ во својата работа со овој …
Continue Reading
Во октомври: Годишен раст од 11,0% на вкупните депозити и од 9,2% на вкупната кредитна поддршка
Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,0%, којшто произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор. Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот линк.
Continue Reading
Портокалово предупредување за граѓаните на БиХ: се очекуваат обилни врнежи од снег и силни ветрови
Федералниот хидрометеоролошки институт (ФХМЗ) издаде портокалово предупредување за петок, 22 ноември, поради очекуваните обилни врнежи и силни ветрови кои ќе зафатат поголем дел од Босна и Херцеговина. Според најавите, снегот што почна да паѓа вчера во попладневните часови во делови од земјата наскоро ќе ја зафати цела Босна и Херцеговина, што ќе донесе неповолни временски услови. Пообилни врнежи се очекуваат …
Continue Reading
Засилени активности за расчистување на улиците и булеварите по синоќешните обилни дождови
По синоќешните обилни дождови, ЈП Комунална хигиена-Скопје утринава започна со реализација на засилени активности за расчистување на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини. Во рамките на активностите се реализира рачно и машинско метење, како и отстранување на паднатите лисја, со цел – непречено одвивање на сообраќајот и движење на пешаците по јавните и сообраќајните површини, извести ЈП Комунална …
Continue Reading
Самостојна изложба на фотографии „Постоиш ли Алиса?“ во Музејот на Македонија од 23 ноември
Оваа сабота (23.11.2024) попладне со почеток во 13:30 часот во Музејот на Македонија ќе биде отворена самостојната изложба на фотографии “Постоиш ли Алиса?“ на авторката Јелена Белиќ. Изложбата ќе биде отворена до 5-ти декември и во себе вклучува портретни фотографии во простор на членовите на инклузивниот ансамбл на Колектив Ветерница и Трисомија 21. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и …
Continue Reading
„Блумберг“: Бајден планира да го отпише долгот на Украина од 4,65 милијарди долари
Администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден го извести Конгресот дека планира да го отпише долгот на Украина во вредност од 4,65 милијарди долари, објави денеска „Блумберг“. „Откажувањето на долгот, кое и помага на Украина да победи во војната против Русија, е во национален интерес на САД и нивните партнери од ЕУ, Г7+ и НАТО“, се вели во писмото …
Continue Reading
(Видео) СДСМ со решенија за кризата во Скопје: Закон за финансиска поддршка на градот и ЈСП, субвенциии за гориво, вели Јанчева
„Како што најавивме, денес сме тука за да ги презентираме нашите конкретни предлози за надминување на кризата во која се наоѓа Град Скопје. Состојбата е алармантна – јавниот превоз не функционира, сведоци сме на преполни контејнери, смет насекаде, а основните услуги што ги заслужуваат граѓаните се целосно запоставени“, рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на …
Continue Reading