После свадба, кривична – тетовец пукал во воздухот, куршумот завршил во куќата на соседот

Полицијата поднесе кривична пријава против 44-годишниот Ј.Ј. од Тетово. Тој на 24 јануари, на веселба во домот, со пиштол испукал неколку куршуми во воздухот, по што еден завршил во куќата на неговиот сосед, информираа од полицијата. Кривичната пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

Continue Reading

Фатени скопјани кои запалиле угостителски објект

Полицијата поднесе кривична пријава против И.И.(44) и А.И.(49), двајцата од Скопје, поради тешки дела против општа сигурност во врска со предизвикување општа опасност. На 13 ноември во Скопје, пријавените со запалива течност предизвикале пожар во угостителски објект во главниот град, објави МВР во дневниот полициски билтен.

Continue Reading

За прекинатиот меч со Косово Романците добија парични казни и победа со службен резултат

Европската фудбалска унија (УЕФА) со службрн резултат 3:0 за Романија го регистрираше прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово одигран во Букурешт. Натпреварот се одигра пред пет дена во рамкина Ц дивизијата во Лигата на нации. Репрезентативците на Косово, на три минути до крајот на натпреварот се повлекоа од теренот поради провокациите од трибините, односно извиците: „Србија, Србија“ и „Косово е …

Continue Reading

Малолетници ограбени во Аеродром со закана со нож

Синоќа во полицијата К.П.(36) од Скопје пријавила дека околу 20.55 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неколку машки лица со употреба на физичка сила и закана со остар предмет од нејзиниот малолетен син и негов малолетен другар одзеле пари и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот полициски билтен.

Continue Reading

МВР: Немало патници во автобусот на ЈСП што се запали вчера

Немало патници во автобусот на ЈСП којшто се запали во движење на патот од Визбегово кон Бардовци, информираа од полицијата. Автобусот се запали вчера околу 9 часот наутро, додека се исклучувал од линија и бил без патници. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Засега не се знаат причините за избувнувањето на пожарот во …

Continue Reading

Дете со нож ранило врсник во Кочани, во станица заврши и родителот на напаѓачот

Вчера во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен малолетник од Кочани. Според пријавеното, тој бил нападнат од друг малолетник, кој употребил остар предмет и му нанел убодна рана, објави МВР. Во врска со настанот, со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител. По целосно расчистување и документирање на …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за финансиски средства за бранителите, велат од СДСМ

На денешната амандманска расправа ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот кој го предложи СДСМ, за помош и финансиски средства на загинатите припадници на безбедносните сили и нивните семејства, објави опозициската партија. „Овој амандман е предложен за да се обезбедат финансиски средства и СДСМ бара да се направи комисиски амандман за овие пари да се најдат во буџетот, со што ќе ги предвидиме …

Continue Reading

Актерка на црвениот тепих прошета во сако со дупки на градите

Комичарката и актерка Витни Камингс присуствуваше на 31. “Ел вомен гала“ во Лос Анџелес, чиј домаќин беше славниот дизајнер Ралф Лорен, кој ги слави жените во филмската индустрија. На специјалниот настан се собраа бројни ѕвезди, а најголемо внимание Витни привлече со својата модна комбинација. Имено, таа носеше сиво здолниште и сако во иста боја, но на градите имаше исечени два …

Continue Reading

Стојаноски: Министерството за одбрана ќе ги награди припадниците на армијата кои беа вклучени во гаснењето на пожарите

Министерството за одбрана ќе ги награди сите припадници на Армијата кои што беа вклучени во гаснењето на пожарите, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет. Стојаноски исто така најави дека сите припадници на Министерството за внатрешни работи ќе добијат покачување на платите, и …

Continue Reading