Аналена Бербок: Новата форма на американска поддршка за Украина не претставува промена во стратегијата на Западот

Соединетите Американски Држави донесоа важна одлука во врска со воената поддршка за Украина, изјави  германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, нагласувајќи дека тоа не е промена на стратегијата на Западот. Администрацијата на претседателот Џозеф Бајден и дозволи на Украина да користи оружје од американско производство за напади длабоко во руската територија, потврдија за Ројтерс двајца неименувани американски официјални лица …

Continue Reading

Товарен воз излезе од шините помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“

Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од Македонски железници дека помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“, товарен воз вчера, во 21.37 часот е излезен од шините, поради што соoбраќајот во тој дел е во прекин. Нема повредени лица, а на терен има екипи од Македонски железници.

Continue Reading

Недела на јапонскиот филм во Кинотека

Од 25- 29 ноември Кинотеката на Македонија ги отвори својот простор и платно за уште еден исклучителен циклус на јапонски филм, нудејќи уникатно патување низ повеќе декади на јапонската кинематографија. Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската …

Continue Reading

Ако проектилите бидат истрелани длабоко во Русија, нападот нема да биде украински туку американски, рече Песков

Кремљ соопшти дека одлуката на САД да и’ дозволи на Украина користење на американски ракети за напади длабоко на територијата на Русија ќе доведе до зголемени тензии и подлабоко вклучување на САД во конфликтот. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на редовниот дневен брифинг изјави дека нема промена во ставот во однос на она што го кажа Владимир Путин во септември. …

Continue Reading

Отворање на изложбата „Селектирани – дел 3“ во Галерија Остен

На 19 ноември (вторник) во 19 часот во Галерија Остен, Скопје ќе се одржи отворање на изложбата „Селектирани – дел 3“ каде ќе бидат претставени делата на дел од селектираните уметници на ОСТЕН Биенале Скопје 2024. Посетителите ќе имаат можност да видат дела од уметници од неколку држави. Словачка: Мирослав БРOС, Ева ХНАТОВА, Милан ХНАТ, Анабела СЛАДЕК, Мартин ШЕВЧОВИЧ Словенија: …

Continue Reading

Безвременските „Голдберг варијации“ од Бах во изведба на маестралниот Корољов

Во четврток, со почеток во 20 часот, во големата концертна сала на Филхармонија, рецитал ќе одржи пијанистот рускиот пијанист Евгениј Корољов. На програмата се безвременските „Голдберг варијации“ од Јохан Себастијан Бах. Рускиот пијанист Евгениј Корољов (1949) е роден во Москва каде што студирал на Московскиот конзерваториум, а живее и делува во Хамбург, каде од 1978 година беше професор на тамошниот …

Continue Reading

Изведбата на ремек-делото од Пучини, операта „Тоска“ на 23 ноември на сцената на Националната опера и балет

Во рамките на „Месец на Пучини“ на 23 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина . Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“. Гостинот …

Continue Reading

Родри: Надал претставува сè што треба да биде и има еден спортист

Добитникот на овогодинешната Златна топка, фудбалерот на Манчестер сити, Родри откри дека негов пример во животот е сонародникот, Рафаел Надал. Родри открил дека има одредени сличности меѓу двајцата. „Можам да направам јасна споредба меѓу мене и Рафа Надал за едно прашање“, изјави Родри за „Релево“, а потоа продолжи: „Се работи за неговите луѓе од доверба, чичкото Тони, неговото семејство, оние …

Continue Reading

Три европски земји им делат брошури на граѓаните како да се однесуваат во случај на војна

Милиони Швеѓани почнаа да добиваат брошури со совети за населението како да се подготви и да се однесува во случај на војна или други неочекувани кризи. Ако има криза или војна, брошурата е од пред шест години и сега е ажурирана поради, како што шведската влада го нарекува влошување на безбедносната ситуација, мислејќи на руската инвазија на Украина. Брошурата сега …

Continue Reading