Мицкоски: За следната година во Буџетот се предвидени 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Тутунски комбинат АД Прилеп, по што на новинарско прашање, каков е планот за капитални инвестиции за наредната година, изјави дека Владата е фокусирана на вистински капитални инвестиции, пример се вложувањата за општините, реализацијата на Коридорот 10д. За следната година во Буџетот се предвидени 50,5 милијарди денари, тоа значи вложувања во инфраструктура, автопати, водоводи, канализации. …

Continue Reading

Сиљановска Давкова на КОП29: Од суштинско значење е обезбедувањето финансии за имплементација на климатските цели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Баку, Република Азербејџан присуствуваше на официјалното отворање на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени. На официјалното отворање на самитот, што се одржува под мотото „Со солидарност за зелен свет“, се обратија Мухтар Бабаев, министерот за екологија и природни ресурси на Азербејџан, како претседател на КОП29, Сајмон Стил, извршниот …

Continue Reading

Нкунку сака да го напушти Челси, ситуацијата ја следат Јунајтед и ПСЖ

Напаѓачот на Челзи, Кристофер Нкунку ги разгледува опциите да го напушти „Стемфорд Бриџ“ во зимскиот преоден рок. Французинот е во втор план кај Енцо Мареска, нема доволно минутажа, освен во Конференциската лига за која никој не е заинтересиран. Интересно е тоа што Енкунку е најдобар стрелец на Челзи во сите натпреварувања, во досегашниот тек од сезоната има постигнато 10 гола, …

Continue Reading

Нов капитален, инфраструктурен проект за подобрување на комуналните услови во Урбан блок 4.4

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, на својата Фејсбук-страна ја најави реализацијата на новиот капитален, инфраструктурен проект за подобрување на комуналните услови во Урбан блок 4.4. Имено, овој проект којшто ќе се реализира во Урбан блок 4.4 (станбените населби во близина на Детската градинка „Сончогледи“- Гевгелија) во општина Гевгелија, опфаќа изградба на фекална канализација, амтосферска канализација и водоснабдителен систем. Општина …

Continue Reading

Воздухот во градинките и училиштата е загаден двапати над дозволеното, УНДП направи анализа во пет градови во земјава

Воздухот во внатрешните простории на улиштата и градинките во Гостивар, Куманово, Струга, Струмица и Кавадарци а загаден двапати над препорачаната граница од Светската здравствена организација. Ваков резултат покажа анализата направена од УНДП со финансиска поддршка од Шведска која денес беше презентирана. Дејан Мираковски, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, вклучен во истражувањето, вели дека воздухот во затворените простории во …

Continue Reading

Меџити на конференцијата за климатски промени COP29: можност за обезбедување на нови инвестиции во обновливи извори и одржлива енергетска инфраструктура

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, учевствува на 29 Конференција на Страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, позната како – COP29, која денеска започна во главниот град на Азербејџан, Баку. COP29 е глобален настан кој обединува светски лидери и експерти од над 70 земји. Темата на овој самит …

Continue Reading

ОПШТИНА ОХРИД ПРОМОВИРАНА КАКО ДЕЛ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ОТПОРНИ ГРАДОВИ MAKING CITIES RESILIENT 2030 (МCR 30)

Oпштина Охрид беше промовирана како дел од Иницијативата за отпорни градови  Making Cities Resilient 2030 (MCR2030) во рамки на Регионалната платформа за намалување на ризици од катастрофи во Европа и Централна Азија за 2024, која се одржа минатата седмица во Будва, Црна Гора. Во рамки на тридневниот настан на кој учествуваа лидерите за цивилна заштита и над 700 учесници од …

Continue Reading

Стомачен вирус и температура имаат обвинителите кога треба да дејствуваат против криминалци што ја симболизираат претходната власт, рече Мицкоски

Инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и борбата со нив ќе биде долга и жестока во обвинителството и во судството. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката на Антикорупциска комисија дека именувањата на членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители се спротивни …

Continue Reading

Шпанија без Јамал против Данска и Швајцарија

Еден од најталентираните и најзначајните играчи на Шпанија, Ламин Јамал, ќе ги пропушти натпреварите од последните две кола во Лигата на нации против Данска и Швајцарија. Повредата што најдобриот млад играч на светот ја доби во Белград на гостувањето кај Црвена Звезда и поради која го пропушти синоќешниот натпревар против Реал Сосиедад во Сан Себастијан е од посериозна природа. Станува …

Continue Reading