Мицкоски: Денот на ромскиот јазик е и потсетник дека мораме да го зачуваме, да го негуваме и да се погрижиме дека ќе продолжи да живее и да се развива

Денес, се собравме заедно за да одбележиме еден важен ден за ромската заедница– Денот на ромскиот јазик, кој секоја година се прославува на 5 ноември. Овој ден претставува можност да се потсетиме на значењето на ромскиот јазик, како и на богатата култура и историја на ромскиот народ, кои се суштински дел од нашето општество. Ромскиот јазик е многу повеќе од …

Continue Reading

Тошковски: Организираниот криминал и насилниот екстремизам претставуваат сериозни закани за стабилноста на Западен Балкан

Министерот Панче Тошковски, учествуваше и се обрати на експертски состанок за подобрување на разбирањето на врските со насилниот екстремизам, тероризмот и организираниот криминал во Западен Балкан во организација на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОК) со поддршка со министерството за внатрешни работи на Холандија. Министерот Тошковски потенцираше дека ваквите иницијативи се клучни во заедничката борба за подобра безбедносна перспектива, …

Continue Reading

Артуро Видал обвинет за силување

Артуро Видал, поранешниот ас на Барселона и Баерн и репрезентативец на Чиле, е обвинет за силување, соопшти обвинителот во Сантијаго де Чиле. Покрената е истрага, а засега ниту еден играч не е уапсен. Покрај Видал, на удар се уште неколку играчи од Коло Коло, клубот во кој сега настапува Видал. Сето ова се случи на роденденската прослава на еден од …

Continue Reading

Тренчевска: Со предлог на СДСМ за укинување на ДДВ ќе поевтинат над 250 категории на производи

Со усвојување на предлог законското решение на СДСМ за укинување на ДДВ на основните производи храна, граѓаните ќе може да заштедат и до 2.000 денари месечно. Со ова законското решение се опфатени над 250 категории на производи за кои ДДВ то ќе се намали од 5% на нула проценти, вели Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ. „Тоа ќе даде реален ефект …

Continue Reading

Бојковска за предлогот на СДСМ за ДДВ : Економско промашување од партијата на богаташите од Дубаи

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата нема да го прифати законското решение поднесено од СДСМ бидејќи е несериозно и не решава ниту еден проблем, истакна Драгана Бојковска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. „Напишано брзоплето, без никаков аргумент и економска логика што впрочем можеше да се види и од излагањето на колешката Тренчевска. Истите …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Со одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик, испраќаме порака за поддршка, почит и заедништво

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше во Владата на Република Македонија, на настан по повод денешниот 5 ноември, Светски ден на ромскиот јазик. -Денес, на 5 ноември, го одбележуваме Светскиот ден на ромскиот јазик, посветен на промоцијата и зачувувањето на ромскиот јазик, култура и образование. Ромската заедница е значаен дел од нашето општество. Нивната …

Continue Reading

Путин: Русија е подготвена за преговори со Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека земјата е подготвена да води преговори со Украина. „Неколку пати кажав дека Русија не само што е подготвена за преговори, туку во одредена фаза, на самиот почеток на овој конфликт, ги водеше тие преговори. Од украинската страна дури беше подготвен и парафиран заемно прифатлив договор. Меѓутоа, според советите од страната, кои подоцна …

Continue Reading

Дмитриј Песков: Русија ги осудува претседателските избори во Молдавија како нефер

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија ги осудува претседателските избори во Молдавија како нефер бидејќи стотици илјади Молдавци кои живеат во Русија немаат право на глас, додека на молдавските граѓани кои живеат на Запад им било дозволено да гласаат. „Тоа не може да не влијае на изборните резултати, кои во исто време не можат да се сметаат …

Continue Reading

Ѓоковиќ нема да игра на завршниот Мастерс во Торино

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра на завршниот Мастерс во сезоната. Турнирот во Торино ќе се одржи од 10 до 17 ноември. Организаторот обезбеди награден фонд од 15.250.000 долари. Ѓоковиќ е актуелен шампион на овој Мастерс, во финалето во 2023 година го победи Јаник Синер (6:3, 6:3), а во кариерата седум пати го освојуваше тој турнир (2008, 2012, 2013, …

Continue Reading