Мицкоси не го добил писмото од Ахмети

Премиерот, Христијан Мицкоски, изјави дека не го добил писмото од лидерот на ДУИ, Али Ахмети за кое претходно информираа Интегративците преку допис до медиумите. „Не сум го добил, кога ќе го добијам ќе го коментирам“, изјави Мицкоски, одгварајќи на новинарско прашање. Премиерот потоа додаде и дека дневно добива многу писма, пораки и со големо внимание пристапува во комуникацијата со граѓаните. …

Continue Reading

Ливерпул наследникот на Салах го најде во Мадрид

Ливерпул е подготвен да одвои 70 милиони евра за да го доведе Арда Гулер од Реал во летниот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми. Турскиот напаѓач е посочен како можна замена за Мохамед Салах (32), кој е под договор до крајот на сезоната. Минатата година Ал Итихад од Саудиска Арабија на Ливерпул му понуди околу 180 милиони евра за трансферот на …

Continue Reading

За вакцинација за сезонски грип досега пријавени над 61 илјада граѓани, вакцинирани над 19 илјади лица

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип досега се пријавени над 61.000 граѓани, што покажува голем интерес на граѓаните да се заштитат од компликации од сезонскиот грип. Во пунктовите за вакцинација веќе се вакцинирани над 19.000 граѓани. Почнувајќи од денес, мобилните тимови од здравствените установи ќе спроведуваат вакцинација во домовите за стари лица. Вакцинацијата против сезонски грип …

Continue Reading

(Видео) За еден месец трошоците за храна и пијалоци намалени за 5%, мерките на владата се ефективни, кажа Петрушевски

„За еден месец трошоците за храна и пијалоци намалени за 5%, мерките на владата се ефективни. Владината мерка за намалување на цените резултираше со намалување од 5% на трошоцитр за храна и пијалоци од синдикалната кошничка, односно 1000 денари“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Синдикалната кошничка во делот на храна и пијалоци опфаќа 43 производи, а владата ги намали …

Continue Reading

(Видео) Украински дронови уништија два руски топа 25 километри зад линијата на фронтот

Борците на 100-та посебна украинска механизирана бригада успеаја да употребат беспилотни летала за да уништат две руски самоодни хаубици длабоко зад линијата на фронтот. Видео кое прикажува беспилотни летала како уништуваат два топа 2S7 Pion, кои се сметаат за еден од најсилните во светот. Како што е соопштено, овие артилериски системи биле распоредени на околу 25 километри зад линијата на …

Continue Reading

Роберт де Ниро и Леонардо ди Каприо ја поддржаа Камала Харис на митингот во Филаделфија

Актерите Роберт де Ниро и Леонардо ди Каприо беа меѓу холивудските ѕвезди кои на митинг во Филаделфија ја поддржаа кандидатката за претседател на Демократската партија Камала Харис. Обраќајќи им се на присутните, Роберт де Ниро ја нагласи важноста на секој глас и ги повика гласачите да не стојат настрана, објави Си-Би-Ес Њуз.   Де Ниро отворено го изрази своето незадоволство …

Continue Reading

Флорентино Перез ќе го смени Анчелоти

Пукна љубовта меѓу првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез и тренерот Карло Анчелоти, пишуваат шпанските медиуми по дебаклот во „Ел Класико“, 0:4. Весникот „Спорт“ отиде чекор подалеку од конкуренцијата и ја обелодени намерата на претседателот да го смени шефот на стручниот штаб. Според овој извор Перез сака да го донесе во клубот тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Перез, …

Continue Reading

Атентат во Австрија: ловец со пушка го уби градоначалникот

Градоначалникот на Кирхберг Франц Хофер е убиен во денешниот напад во Австрија, поради што полицијата започнала голема операција. Како што е потврдено за Кроне, напаѓачот е во бегство. Веднаш по страшното откритие, на местото се испратени сите полициски единици. Исто така, алармирани се и специјалните единици, а на местото на злосторството пристигна и блиндиран автомобил „Кобра“. Ловецот кој бил на …

Continue Reading

Иран најави одговор на израелскиот напад

Техеран ќе ги користи сите достапни алатки за да одговори на израелскиот напад врз воени цели во Иран минатиот викенд, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Багеи. Иран претходно го минимизираше израелскиот воздушен напад во саботата, велејќи дека предизвикал само ограничена штета, а американскиот претседател Џо Бајден повика на прекин на ескалацијата што ги зголеми стравувањата од …

Continue Reading