Патнички воз излета од шините во Норвешка

Патнички воз излета од шините денеска во северна Норвешка, а железничкиот оператор СЈ објави дека нема тешко повредени. Според полициското соопштение, локомотива и пет патнички вагони излетале од шините. Операторот СЈ изјави дека биле продадени 90 билети, но дека не може веднаш да го потврди точниот број на луѓе во возот. „Прелиминарните извештаи укажуваат дека нема потешко повредени патници“, соопшти …

Continue Reading

Маж од штипско приведен поради обид за силување

Полицијата го приведе Б.С.(62) од штипско село поради постоење основи на сомнение дека се обидел да изврши обљуба над 30-годишна жена од штипско. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

СДСМ: Апсењето на Равманоски е обид на власта да го покрие скандалот со помилувањата

СДСМ остро ја осудува, како што вели, последната фарса на власта и претседателката Гордана Силјановска-Давкова, која, наместо да преземе одговорност за скандалозните помилувања, се обидува со театрални потези да го смири гневот на јавноста. „Претседателката лично ги потпиша одлуките за помилување на криминалци и членови на нарко-кланови, лица кои беа осудени за тешки кривични дела. Еден од тие помилувани лица, …

Continue Reading

Средба Гаши – Форслунд на Самитот во Рига

Во рамки на Третиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа во Рига, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари билатерална средба со потпретседателот на Шведскиот парламент, Кенет Форслунд. Претседателот Гаши се заблагодари за поддршката на нашата стратешка цел – полноправно членство во Европската Унија и во тој контекст изрази благодарност до Кралството Шведска за континуираната поддршка за …

Continue Reading

Отворена канцеларија на Конзулат на Р Србија во Куманово

Со пригоден настан на ул.Илинденска бр.37, во Куманово, денеска беше отворена канцеларија на Конзулат на Република Србија, со почесен конзул Владимир Стајиќ. На свеченоста присуствуваа високи државни претставници од двете соседни земји, министерот за односи со заедниците и потпретседател во Влада на РСМ, Иван Стоиљковиќ, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за спорт, Борко Ристовски, министерот за труд, …

Continue Reading

Осуденик од Велес починал во затворот „Идризово“

Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово бил пронајден починат В.Ѓ.(45) од Велес, кој издржувал казна затвор во установата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Скопје. 

Continue Reading

Почината жена со повреди била донесена во болницаta во Кочани: полицијата ги уапсила сопругот и синот

Синоќа во 19.20 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош Кочани било пријавено дека Б.З.(70) и М.З.(45) од с.Чешиново, кочанско, кај нив со повреда на главата ја донеле почината нивната сопруга односно мајка, Ѓ.З.(69) од с.Чешиново. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител и поради сомнение за нивна инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Б.З. …

Continue Reading

Тетовец слушнал како планираат да му постават бомба во куќата: уапсен 52-годишен маж од Тетовско

Утрово во 03.20 часот во с.Доброште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Г.Ц.(52) од с.Мала Речица, тетовско. Тој бил пријавен од лице од тетовско дека го слушнал како пред неговата куќа разговара со друго лице и се договараат да му постават експлозивна направа кај неговата куќа, а околу 10.15 часот покрај локалниот пат во близина …

Continue Reading

Со нож избол психијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Црногорската полиција денеска го уапси шеесет и петгодишниот Д.В. од северот на Црна Гора, бидејќи со нож нападнал и повредил лекар невропсихијатар кој не сакал да му издаде потврда за носење оружје. Како што изјави за црногорските медиуми директорот на Општата болница Саша Грбовиќ, докторот Илхан Турсумовиќ се здобил со убодна рана во пределот на стомакот и расекотини на рацете …

Continue Reading