Автомеханичар од Охрид наместо поправка, вадел здрави делови од автомобилите и ги продавал

Охридската полиција поднесе кривична пријава против Ш.К.(39) од Охрид поради измама. Тој, во повеќе наврати, во својот автосервис во Охрид, примал автомобили од граѓани од Охрид, на кои им барал и добивал одредена сума пари, ветувајќи им дека ќе ги отстрани дефектите и ќе изврши комплетен ремонт на нивните возила. „Пријавениот, не ги иззвршувал поправките во договорениот период, а дополнително …

Continue Reading

Австралијка (23) заглавена меѓу карпи, висела надолу цели седум часа

Девојка во Австралија останала заглавена наопаку 7 часа меѓу крпи додека се обидувала да го пронајде својот изгубен мобилен телефон, пишува „Си-ен-ен“. Тоа се случи на почетокот на овој месец, а на фотографиите објавени вчера од Службата за брза помош во Нов Јужен Велс (НСВ), се гледаат само голите стапала на жената. Жената се шетала со пријателите на приватен имот …

Continue Reading

СДСМ: Мерките на Владата немаат ефект, ја виде ли Бојан Стојановски минималната кошничка

На вчерашната прес конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски рече дека партијата нема да го поддржи Законот за минимална плата од 450 евра предложен од СДСМ и коалицијата со образложение дека треба да се почека синдикалната кошничка за да се види ефектот од мерките на владата. Ја виде ли Бојан Стојановски висината на синдикалната кошничка? Ете денеска е објавена, минималната …

Continue Reading

Сто пациентки со карцином со приоритетни упати два месеца чекаат скен на коските, неопходен за да добијат терапија

На денешниот настан за поддршка на пациентите со карцином, „Појадок со онколошките пациенти“, здружението посветено на пациентите со рак и нивните негуватели „Хемо-онко“ откри дека сто пациентки два месеца чекаат скен на коските за да им биде дадена терапија. Ана Марјановиќ од здружението рече дека го известила министерот за здравство Арбен Таравари веднаш штом дошол на појадокот со онколошките пациенти. …

Continue Reading

Стојаноски: Потребна е сериозна опозиција, синдикалната кошничка е намалена, и ССМ потврдува дека мерките на владата даваат резултати

Додека пратеничката Тренчевска држеше прес конференција оквалификувајќи ги мерките на владата како мерки што не дале резултат, излезе соопштение во која што синдикалната кошничка на синдикатот ССМ укажа на тоа дека мерките на владата кој што се во моментот на сила дале резултати и цената на храната за еден месец е намалена за 935 денари. Она што е важно да …

Continue Reading

Продолжен рокот на Јавниот повик за прибирање предлог- проекти за организирање на културни манифестации во општина Куманово за 2025 година

Одделението за култура и спорт во Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита  при Општина Куманово, Ве известува дека рокот за Јавниот повик за прибирање предлог- проекти за организирање на културни манифестации во општина Куманово за 2025 година, СЕ ПРОДОЛЖУВА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ 15 ДЕНА. Рокот за поднесување на предлог-проекти ќе се продолжи од 22.10.2024 г.(вторник) …

Continue Reading

ОН: Популацијата на Украина се намали за 10 милиони по руската инвазија

Популацијата на Украина се намали за повеќе од 10 милиони луѓе од руската инвазија во февруари 2022 година, што предизвика егзодус и пад на наталитетот, соопштија ОН. „Генерално, гледаме дека населението во Украина е намалено за повеќе од 10 милиони луѓе од почетокот на војната“, рече регионалната директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), Флоренс Бауер, за време …

Continue Reading

Добри вести за Црвена звезда, повредата на Боломбој не е сериозна

Добри вести за тренерот, играчите и навивачите на Црвена звезда 12 часа по повредата на Џоел Боломбој на натпреварот со Будуќност во Подгорица. Американецот со руски пасош со помош на соиграчите го напушти теренот. Во третата четвртина од дерби натпреварот од 5. коло на АБА лигата, Боломбој поради кондензација се лизна на инаку лизгавиот паркет, во таа прилика го истегна …

Continue Reading

Столе Попов добитник на наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот

На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на Жика Павловиќ. -Навистина е голема …

Continue Reading