Американскиот шеф на дипломатијата во Израел ќе се обиде да ги заживее мировните преговори

Американскиот државен секретар, Eнтони Блинкен, денеска пристигна во Израел на средби со израелските лидери, што е прва станица на пошироката турнеја на Блискиот Исток за да започне уште еден притисок за прекин на огнот. Последната посета на највисокиот американски дипломат – 11-та во регионот откако палестинските милитанти на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври, предизвикувајќи војна …

Continue Reading

Уапсени двајца кумановци: на сила влегувале во патнички возила и краделе

Во Куманово вчера во 11.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Д.(30) и Г.Н.(36), двајцата од Куманово, поради сомнение дека изминатиот период со употреба на сила влегле во пет патнички моторни возила и одзеле различни предмети. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Continue Reading

Елвис Шаќири од „Ромалитико“ ja доби наградата на Стејт департментот за глобален двигател против расизмот

Извршниот директор на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, Елвис Шаќири ја доби престижната награда за глобални двигатели против расизмот (GARC) која лично му ја врачи државниот секретар на САД, Ентони Блинкен во Стејт департментот, Вашингтон. Оваа престижна награда на глобално ниво е признание за неговата значајна работа во застапување на правата на ромската заедница во нашата …

Continue Reading

Две лица искасани од кучиња скитници во Скопско

Вчера во 10.40 часот во Полициското одделение Петровец, В.С.(62) од с.Идризово, скопско, пријавил дека на паркинг простор кај Катлановска бања во село Катланово, скопско бил каснат од куче скитник. Истиот ден во 13.30 часот во Полициското одделение Петровец, Т.П.(46) од населба Илинден-скопско пријавила дека на ул.„9“ во населбата Илинден, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Continue Reading

Челниците на Леверкузен се свесни дека Алонсо ќе го напушти клубот

Челниците на Баер Леверкузен се помириле со фактот дека тренерот Чаби Алонсо најверојатно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Шпанскиот стручњак, кој на тимот му ја донесе првата титула во историјата, е на мета на неколку големи европски клубови. Едно е сега сигурно, клубот кој најмногу го посакуваше пред само половина година, Ливерпул, повеќе нема да биде опција. …

Continue Reading

Судир меѓу товарно возило, минибус и патничко возило на патот кон Стража: две лица повредени

Во Полициската станица Кичево вчера во 10.20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во правец кон „Стража“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(45) од Куманово, минибус „мерцедес спринтер“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.Џ.(60) од село Горно Седларце, општина Боговиње и патничко возило „бмв“ со струшки …

Continue Reading

(Видео) СДСМ го поднесе Законот за зголемување на минималната плата во Собранието

СДСМ го поднесе Законот за зголемување на минималната плата во Собранието. Пратеничката Јованка Тренчевска рече дека со оваа мерка се предвидува минималната плата да се зголеми на 27.700 денари, односно 450 евра. „Ова не е само бројка, ова е чекор кон подобра иднина за секој работник, за секој кој се бори да обезбеди подобри услови за своето семејство“, изјави пратеничката …

Continue Reading

Малолетничка тешко повредена при судар на мопед и патничко возило во Кочани

Вчера во 18.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Л.П.(66) и мопед „априлиа“ со кочански регистарски ознаки, управуван од малолетничка, двајцата од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетничката и нејзиниот малолетен сопатник од село …

Continue Reading

Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена во Скопско

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со скопски регистарски ознаки при тргнување удрил во А.Н.(55) од с.Драчевица, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading