Алекс Фергусон повеќе не е на платниот список во Манчестер јунајтед
Сер Алекс Фергусон, менаџер на Манчестер јунајтед во најславната ера на клубот од „Олд Трафорд“, повеќе нема да биде дел од „црвените ѓаволи“ ниту во својство на амбасадор. Косопственикот на клубот Сер Џим Ретклиф, директор на нафтената компанија Инеос, неформално го известил легендарниот 82-годишник дека повеќе нема да биде на платниот список, пишува „Атлетик“. Причина за ваквиот потег е намалувањето …
Continue Reading
Јаневска за училиштата без греење во Карпош: Верувам дека градоначалникот, кој е многу способен, ќе најде начин да ги згрее, блок- дотациите се исплатени
Парите за греење во основните училишта се исплатени на сите општини, рече денес министерката за образование Весна Јаневска иако вчера градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски алармираше дека грејната сезона нема да почне за осумте основни училишта на територија на општината оти од Министерство му кажале дека нема пари за покривање на долговите за греење. Министерката е оптимист дека градоначалникот, …
Continue Reading
Викторов: Се надеваме дека Израел ја разбира опасноста од напад на руските војници во Сирија
Москва цврсто го осудува неодамнешниот напад на Израел врз Дамаск и повикува на почитување на територијалниот суверенитет на Сирија. Русија верува дека Израел ја разбира опасноста од нанесување штета на руските војници во Сирија и за тоа ги известила израелските власти, изјави рускиот амбасадор во Тел Авив, Анатолиј Викторов, пренесува Спутник. „Веруваме дека командата на израелските одбранбени сили е целосно …
Continue Reading
УНИЦЕФ: Повеќе од 400.000 деца се раселени во Либан во последните три недели
Повеќе од 400.000 деца во Либан се раселени во изминатите три недели, вели висок претставник на УНИЦЕФ, пренесуваат светските агенции, предупредувајќи на „изгубената генерација“ во малата земја која се соочува со бројни кризи и сега е вовлечена во војна. Израел ја засили својата кампања против милитантната група Хезболах со седиште во Либан, вклучително и започнување копнена инвазија по размената на …
Continue Reading
(Видео) Луксузната јахта на саудискиот принц удри во пристаништето во Тунис: му припаѓаше на Трамп, користена е во филм за Бонд
Луксузната јахта Kingdom 5-KP, која некогаш му припаѓаше на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, сега е во сопственост на принцот на Саудиска Арабија Ал Валид бин Талал, доживеа несреќа. Имено, јахтата удрила во пристаништето во Тунис. Објавени се фотографии од јахтата вредна 91 милион долари која му припаѓала на Трамп и била користена за снимање на филм за …
Continue Reading
Средба на гувернерката со генералниот директор на Директоратот за соседство и проширување на ЕК
Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со Герт Јан Копман, директорот на Директоратот за соседство и проширување и Елена Флорес, заменичката на генералниот директор на Директоратот за економски и финансиски прашања, којашто се одржа во Брисел, Белгија. Тема на средбата беше еден од приоритетите на Планот за раст на Западен Балкан, односно барањето на земјава за членство во Единствената област за …
Continue Reading
Претставата „Хеда Габлер“ вечерва го отвора фестивалот РУТА во Драмски театар Скопје
Вечерва на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје во 20 часот се отвара третото издание на фестивалот РУТА. По свечената церемонија на отворањето, ансамблот на Драмски театар Скопје ќе ја изведе претставата „Хеда Габлер“. Претставата е работена по текст на Хенрик Ибзен. Режисер е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова – Петровска и Васил Христов. Сценографијата на претставата …
Continue Reading
Скопје е меѓу европските градови со најнезадоволни жители од јавниот превоз
Скопјани се меѓу најнезадоволните жители на европските градови кога станува збор за јавниот превоз. Седум од 10 жители во Европа се генерално задоволни од јавниот превоз во нивниот град, се вели во извештајот на Европската комисија што го објави „Еуроњуз“. Извештајот на ниво на европските градови покажува дека само 47 отсто од жителите на Скопје се задоволни од јавниот превоз …
Continue Reading
ЕЕА: само околу една третина од водните површини во Европа се со добар квалитет
И покрај целта поставена од ЕУ во 2015 година, сите водни тела да бидат оценети како вода со добар квалитет, само околу една третина од површинските води во Европа се во добра состојба, се вели во извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Според податоците од 19 земји-членки собрани од ЕЕА во 2021 година, околу 37 отсто од површинските …
Continue Reading