„Тик ток“ укинува стотици работни места, ја користи вештачката интелигенција

Социјалната мрежа „Тик ток“ соопшти дека укинува стотици работни места бидејќи се фокусира на зголемена употреба на вештачка интелигенција во модерирање на содржината. Отпуштањата најмногу се однесуваат на персоналот во Малезија, каде првично беа пријавени повеќе од 700 работни места, но Тик Ток подоцна соопшти дека помалку од 500 вработени ќе бидат отпуштени, јави South China Morning Post. Вработените, од …

Continue Reading

Иран ја поништи смртната казна на активистката за работнички права, Мохамади

Врховниот суд на Иран ја укина смртната казна на активистката за работнички права Шарифе Мохамади. Нејзиниот адвокат вели дека казната на Мохамади ќе биде преиспитана во ново судење. Мохамади беше приведена во декември минатата година и оттогаш беше сместена во повеќе затвори. Револуционерниот суд во јули ја осуди Мохамади на смрт за вооружен отпор против Исламската Република. Мохамади беше активна …

Continue Reading

Празнични манифестации на спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово

Аеро клуб “Куманово”  беше домаќин на трето издание (III) Меѓународен Бланик камп куп и воедно организатор на Петта (V) лига во прецизно слетување со едрилица BLANIK L-23 и Меѓународен падобрански куп, по повод Денот на народното востание на македонскиот народ – 11 Октомври. На спортските настани кои се одржаа во текот на 11 и 12 октомври, учествуваа аеро клубови од …

Continue Reading

Приведен шверцер на мигранти

Полициски службеници од полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стар Дојран денеска околу 01:00 часот го лишиле од слобода А. С. (36) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 – б од Кривичниот законик, откако претходно, по преземени мерки и добиени оперативни сознанија, на крстосница Богданци полициски службеници извршиле контрола во патничко …

Continue Reading

Изгореа три автомобили во Скопје

Денеска во 02.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје било опожарено патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Н. од Скопје. Од пожарот биле зафатени и две други возила, „опел “ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Р. од Скопје и возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма …

Continue Reading

Жена тепана и вознемирувана од поранешниот партнер

Вчера во 12.34 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријавила дека од јули 2024 до пријавувањето, нејзиното поранешно момче Б.Д. често ја следело, вознемирувало, ѝ се јавувало телефонски и ѝ упатувало закани и во неколку наврати наврати физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Мртов најден 75-годишен скопјанец, на телото немало видливи траги на насилство

Во СВР Скопје вчера околу 11:00 часот било пријавено дека во својот дом на подрачјето на Центар било пронајден починат Б.Ц.(75) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Continue Reading

Беровец на нива нашол рачна бомба и ја ставил во својот автомобил

Триесет и осумгодишен маж од селото Двориште, беровско, извршувајќи земјоделски работи на сопствениот имот, пред два дена пронашол неексплодирана рачна бомба. Како што соопшти МВР, мажот ја зел бомбата со себе и ја оставил во неговото патничко возило „фолксваген голф“. Следниот ден, полициските службеници од ОВР Берово излегле на местото и ја пронашле рачната бомба во возилото. За настанот бил …

Continue Reading

Британец се обидел да направи торта за внуката која ја обожува Тејлор Свифт, фотографиите станаа вирални

На социјалните мрежи кружат вирални фотографии од Британец, кој сакал да ја расположи својата внука, која инаку е голем фан на пејачката Тејлор Свифт. Кит Сковел се пофали со торта инспирирана од пејачката во група на Фејсбук, а неговото дело набрзо стана вирално. „Не очекував да бидам толку исплашен денес“, „Дали внука ти можеби имаше кошмари после тоа?“, „По ова …

Continue Reading