ВМРО-ДПМНЕ: СДС како раштиман оркестар две недели повторува исто партиско соопштение и се занимава со апсурди

СДС како раштиман оркестар две недели повторува едно исто соопштение. СДС е до толку демолирана партија што се обидува да ја манипулира јавноста со теми кои се веќе анализирани, образложени и надминати. СДС се дефокусирани, расеани и исплашени од Божиновска, поради тоа што почна да открива каков се криминал правеле СДС во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО. СДС дефокусираат поради …

Continue Reading

Димитриеска Кочовска: Никогаш не можам да се согласам со мерката на замрзнување на цените, ефектите нема да бидат толку големи особено во услови на ниска инфлација

Во изминатите 100 дена работевме без штедење, кажа денеска на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска. Изрази задоволство од постигнатото, бидејќи како што рече, е обезбедено финансирање за сервисирање на сите обврски до крајот на годината и постепено стабилизирање на јавните финансии. Таа потенцира дека состојбата кога ја презела власта во делот на финансиите била повеќе од алармантна бидејќи …

Continue Reading

Тешко повреден маж од виничко, паднал од мопед

На 09.10.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во с.Лески, виничко, Л.С.(55) од истото село, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Continue Reading

Тешко повредено дете, прегазено на пат во Гостивар

На 09.10.2024 во 08.20 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар – с.Градец, во с.Врапчиште, патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Ќ.(42) од гостиварско Здуње, удрил во малолетен пешак. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Пронајдено 15-годишното девојче од светиниколско претходно пријавено за исчезнато

Вчера во ОВР Свети Николе, 35-годишниот Д.М. од село Ерџелија, светиниколско, пријавила дека во Штип ја пронашла нејзината ќерка 15-годишната Б.Т.. Девојчето претходно беше пријавено дека не се вратило дома од училиштето во кое учи во Штип.

Continue Reading

(Видео) Надал ја заврши кариерата

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави дека се повлекува од тенисот. „Поздрав до сите. Овде сум да ве информирам дека ставам крај на мојата професионална кариера. Реалноста е дека имав тешки години зад мене, особено тешки беа последните две. Мислам дека не би можел да играм без ограничувања. Ова е секако тешка одлука, за која ми требаше малку време да ја …

Continue Reading

(Видео) Ураганот на Флорида преврте мали авиони, објавена снимка

Снимките од Флорида сликовито го покажуваат ефектот на разорниот ураган Милтон врз делови од американската држава. Venice, FL took a wallop from #HurricaneMilton as it rushed ashore on Wednesday evening. Here’s a look at some of the sights and sounds our field correspondents caught on camera. pic.twitter.com/00El1bQTlA — WeatherNation (@WeatherNation) October 10, 2024 На видеото се гледа мал авион кој, …

Continue Reading

Веќе е готов нов закон со кој се предвидува не само етничка туку и полова и секаква застапеност во институциите, уверува Таравари

Со нов закон ќе се гарантира етничка, полова и застапеност во институциите на сите категории луѓе што живеат во државата, рече денес министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашното укинување на балансерот за вработување во јавните институции. Тој нагласи дека Уставниот суд одлучил на површина да извади проблеми кои стојат со години во судот во првите сто дена од Владата, …

Continue Reading

Гутереш го назначи Том Флечер за нов шеф на хуманитарната помош на ОН

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го назначи поранешниот британски дипломат Том Флечер за нов шеф на ОН за хуманитарна помош. Флечер, кој моментално е директор на колеџот Хертфорд во Оксфорд и потпретседател на Советот на универзитетскиот колеџ во Оксфорд, го замени Мартин Грифитс, кој поднесе оставка од функцијата на крајот на јуни поради здравствени причини, пренесе АП. Заменик …

Continue Reading