Трајчулески: За ДПМНЕ партиските интереси се многу поголеми од безбедноста на граѓаните во сообраќајот
Партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ очигледно се многу поголеми од безбедноста на граѓаните во сообраќајот, па место да ја продолжи постапката за носење закон за основање Агенција за безбедност на патиштата, ним поважни им се кадровските промени во составот на советот, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на собраниската седница. – За какви реформи зборува ДПМНЕ, кога законот за изменување и …
Continue Reading
Лашкоска: Споредбените анализи ни помагаат во дефинирање на приоритетите, перспективите и потенцијалот за конкурентност на Северна Македонија
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска го отвори настанот „Изгледите за конкурентност на Западен Балкан за 2024 година“ на кој беа презентирани специфичните клучни наоди за економскиот профил на нашата држава од евалуацијата спроведена во соработка со Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). – Од страната на МЖСПП, имплементираме многу проекти подржувани од ЕУ преку …
Continue Reading
Министерство за правда: Франција преку свои експерти ќе ни помогне во процесот на реформи во правосудството
Министерот за правда Игор Филков одржа средба со Амбасадорот на Франција, Н.Е.Кристоф Ле Риголер на која се разговараше за соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, проектите и реформската агенда. Амбасадорот Риголер ги поздрави плановите на министерот за реформи и изрази подготвеност Франција да помогне во сите процеси со различна помош, вклучувајќи и експертска, со цел подготовка за членство …
Continue Reading
Шчесни: Немам загарантирано место, дојдов да се борам
Војчех Шчесни се врати од пензија и потпиша за Барселона. Иако тој потег уследи по тешката повреда на Марк-Андре тер Штеген и затоа се очекува Полјакот веднаш да застане на голот, иако тој самиот истакнува дека нема загарантирано место. Поранешниот голман на Арсенал, Јувентус и на полската репрезентација најави повлекување на крајот од минатата сезона. Но, тој реши на покана …
Continue Reading
Израел објави фотографии од убиените војници во Либан
Армијата на Израел објави фотографии од своите осум војници кои беа убиени во јужен Либан. Израел вчера потврди дека е убиен еден војник, а подоцна и веста за смртта на уште седуммина од нив. Сега ги објавија своите фотографии и имиња. Војниците беа идентификувани како Харел Етингер, Назар Иткин, Итаи Ариел Гиат, Ноам Барзилај, Алмкен Терефе, Идо Броер, Иџак Остер …
Continue Reading
Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори, укажувајќи дека исплатени се заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство, исплатени се 1 милијарда денари заостанати субвенции, зголемени субвенции за јачмен и пченица, како и постигната е највисока откупна цена …
Continue Reading
Изложба „Мотиви од полошко поднебје“ на Илирјан Беќири и Агрон Абдули
Во галеријата на Културно-информативниот центар во Софија, на 3 октомври (четврток) 2024 ќе биде отворена изложбата „Мотиви од полошко поднебје“ на ликовните уметници Илирјан Беќири и Агрон Абдули. Двајцата уметници од Тетово ќе изложат околу дваесетина дела од нивниот најнов сликарски опус. На изложбата ќе можат да се видат сликите на Илирјан Беќири, изработени во техниката маслени бои на платно …
Continue Reading
Културно-уметничка програма по повод 11 Октомври
Ви ја претставуваме културно-уметничката програма во чест на 11 Октомври, во рамките на која ќе имате можност да проследите три традиционални културни настани со програма за сите генерации, поддржани од општина Куманово: 11.10.2024, 12:00ч. “КуманиУМ” 11.10.2024, 20:00ч. “Гитаријада” 12.10.2024, 18:00ч. “Art Attack Festival”. The post Културно-уметничка програма по повод 11 Октомври first appeared on Општина Куманово.
Continue Reading
Снег падна во Словенија
Во Словенија почна да врне снег бидејќи, по навлегувањето на студениот воздух од северот на Европа, дождот се претвори во снег. Kамерите ги снимија снежните сцени на Кредарица, словенечка планина висока 2.515 метри. Во текот на денот и в петок се очекува згуснување на снежната покривка на словенечките планини.
Continue Reading