Кремљ: Зеленски направи фатална грешка

Русија соопшти дека планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја принуди Москва на мир е „фатална грешка“ за која Киев ќе ги трпи последиците. Зеленски му порача на Советот за безбедност на Обединетите нации дека војната меѓу Русија и Украина не може да се запре само преку преговори, туку дека Москва мора да биде принудена да постигне мир. Портпаролот …

Continue Reading

Автобус и автомобил се судрија во Скопје, настрада пешак

Синоќа на булеварот Никола Карев во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил управуван од З.С.(27) од Скопје и автобус управуван од Т.М.(65). „Во несреќата била удрена и 26-годишната Е.Ф. од Скопје, која улицата ја минувала како пешак. Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена на Комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје“, објави МВР. Извршен бил увид.

Continue Reading

Мотоциклист паднал избегнувајќи возило што престигнувало, МВР го бара возачот што не застанал да му помогне

МВР трага по возач кој не пружил помош на повреден мотоциклист во Охрид. Според информациите од полицијата, до несреќата дошло вчера на булеварот „Јане Сандански. „З.Ц.(60) од Охрид, управувајќи мопед „пежо“ со охридски регистарски ознаки, во обид да избегне директен судар со патничко возило, кое претекнувало друго возило, изгубил контрола и паднал на коловоз. Притоа, тој се здобил со тешки телесни …

Continue Reading

Гроси: Ја гледам подготвеноста на Иран повторно да се вклучи во нуклеарното прашање

Генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија на ОН (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека гледа поголема подготвеност на иранските власти за позначајно ангажирање со МААЕ по разговорите во Њујорк кога станува збор за иранската нуклеарна програма. Во интервју за Ројтерс, Гроси изрази надеж дека во октомври ќе отпатува за Техеран на средби со ирански претставници. Гроси рече дека иранската …

Continue Reading

(Видео) Митева: СДС и ДУИ воошто не воделе сметка за државниот интерес, го донеле буџетот во опасност од арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Според портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, 7 години СДС и ДУИ го гледале само личниот и партиски интерес, наместо државниот. „Покрај тоа што ја ограбиле државата, СДС и ДУИ нанеле трајни штети врз иднината на државата и поставиле Дамоклов меч над буџетската каса тежок 1.3 милијарди евра. Извештајот на ДЗР нотира и се повикува на Координативното тело за следење на …

Continue Reading

Семеjна драма на Сардинија: ги убил сопругата и двете деца, ја застрелал мајка си во глава

Семејна драма се случи утрово на Сардинија, кога мажот Р.Г. (52) ги убил сопругата и двете деца, а ранил уште три лица. Според медиумите, мажот отворил оган во две различни куќи во Нуор, по што се самоубил. Прво ги застрелал сопругата (43) и ќерката (26), а потоа пиштолот го насочил кон уште две деца (9 и 14). Тој пукал и …

Continue Reading

Барела на принудна пауза

Играчот од средниот ред на Интер, Николо Барела ќе го пропушти саботниот натпревар против Удинезе поради повреда, соопшти клубот. Барела (27) го повредил бутниот мускул на десната нога, во неделата против Милан. Интер објави дека следната недела ќе биде подложен на уште еден лекарски преглед. Според италијанските медиуми, Барела ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Црвена звезда, …

Continue Reading

Марсеј е кандидат за домаќин на финалето на ЛШ во 2027 година

Градот Марсеј понуди да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година, откако Европската фудбалска унија (УЕФА) одлучи да ја повлече организацијата од стадионот „Сан Сиро“ во Милано. „А зошто да не се игра во Марсеј, на најубавиот стадион во Франција: Велодром“, напиша на платформата „X“, претставникот на градските власти на Марсеј, Себастиен Гибраел, само неколку часа …

Continue Reading

Маж се обидел да се самозапали поради извршителите, полицијата во Земун го спречила во намерата

Полицијата интервенирала во Земун нешто пред 10.00 часот кога маж се заканувал дека ќе се полие со бензин, а поради обид да се исели, пренесуваат тамошните медиуми. Според написите, имал кофа со запалива материја, најверојатно бензин, но не ја истурил врз себе. Полицијата беше на терен за да му помогне на јавниот извршител, а иселувањето беше одложено, пренесуваат медиумите. Според …

Continue Reading