Три лица од Непал го напуштиле хотелот во Охрид каде биле вработени, полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање

Вчера во 09.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека 29-годишниот С.С., 22-годишниот Д.С. и 20-годишниот Н.К., сите од Непал, го напуштиле хотелот каде биле сместени и биле вработени, извести СВР Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Continue Reading

Стартува новата сезона во Лига Европа – Системот е ист како во Лигата на шампионите

Љубителите на фудбалот минатата недела можеа да го видат новиот формат на Лигата на шампионите, а сега на ред е Лига Европа, која од оваа сезона ќе се игра според истиот систем. Првата фаза нема да се игра во групу, туку сите 36 екипи ќе имаат единствена табела, а пласман во осминафиналето ќе обезбедат осумте првопласирани, додека клубовите од 9. …

Continue Reading

Орбан доаѓа во Охрид, в четврток и петок привремено ќе бидат затворени неколку улици

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности, по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки и активности. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ги известува сопствениците на патнички и други моторни возила дека е потребно да ги дислоцираат возилата од …

Continue Reading

Во недела во Парк – деветта традиционална манифестација за поддршка на лицата со Вилсонова болест

Под слоганот „Подај рака“, во недела (29.09.2024) на летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк во Скопје со почеток во 10.30 часот ќе се одржи деветтиот по ред хуманитарен хепенинг за поддршка на лицата заболени од ретката болест Вилсон, под слоганот „Подај рака“. Целта на настанот е подигнување на јавната свест за ретките болести вклучувајќи ја и Вилсон, и поддршка на …

Continue Reading

Тешко повреден охриѓанец: во обид да избегне директен судир со возило, изгубил контрола врз мопедот

Вчера во 13.40 часот, на крстосница на булеварот „Јане Сандански“ со улицата „Галичица“ во Охрид, 60-годишниот З.Ц. од Охрид, управувајќи мопед „пежо“ со охридски регистарски ознаки, во обид да избегне директен судар со патничко возило, кое претекнувало друго возило, изгубил контрола и паднал на коловоз, извести СВР Охрид. „Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ …

Continue Reading

Егзекутиран уште еден Американец: го убил својот 3-месечен син бидејќи не престанувал да плаче

Тревис Џејмс Мулис, кој го уби својот тримесечен син во 2008 година, беше егзекутиран во вторникот во Тексас. Тревис стана четвртиот затвореник погубен во „најпрометната држава со смртна казна“ оваа година и шеснаесетти во САД. Бил егзекутиран со смртоносна инекција и прогласен за мртов во 19 часот и 10 минути. Осудениот го искористил своето последно обраќање за да им се …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со фактот дека почнува најголемата градежна офанзива низ општините

СДС не може да се помири со фактот дека почнува најголемата градежна офанзива низ општините. 100 милиони евра пари од буџетот ќе бидат дадени за проекти на општините ширум државата. Тоа се средства кои со години некок општини не ги виделе и неможеле да реализираат голем број проекти кои се потребни, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Ова, како што нагласуваат, е само …

Continue Reading

Конфликтите во Владата ја потврдуваат нејзината неспособност, велат од СДСМ

Снопче и Мицкоски, заедно со Таравари треба да седнат и да работат нешто за граѓаните а не да се расправаат, велат од СДСМ. Според опозициската партија владата функционира само кога треба да се договорат како да ја партизираат државата и делат привилегии, за се друго е целосно нефункционална. „Наместо да владеат во интерес на народот, тие го блокираат напредокот, ги …

Continue Reading

Хезболах тврди дека го нападнал седиштето на Мосад; Израел: Не е точно, тие водат психолошка војна

Портпаролот на израелската војска Надав Шошани го отфрли тврдењето на Хезболах дека го нападнале штабот на Мосад во близина на Тел Авив. „Водат психолошка војна, затоа го изјавија тоа“, рече тој. Милитантната група претходно соопшти дека истрелала проектил врз израелската разузнавачка агенција Мосад, која ја обвинуваат за неодамнешната серија намерни убиства на нејзините највисоки команданти и за нападите во Либан …

Continue Reading