Претседателката на Собранието на Албанија во посета на Северна Македонија

Претседателката на Собранието на Република Албанија, Елиса Спиропали денеска ќе биде во посета на Северна Македонија. Според собраниската прес-служба, Спиропали ќе оствари неколку средби. Предвидено е да има тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, а најавени се и средби со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со Талат Џафери, поранешен претседател на Собранието, како и со лидерот на …

Continue Reading

Земјотрес со јачина од пет степени го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди Чиле вечерва, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Земјотресот се случил на длабочина од 47 километри, додава EMSC. Епицентарот на земјотресот бил под морето, 110 километри северозападно од градот Виња дел Мар, кој има околу 300.000 жители.

Continue Reading

Израелските сили извршија десетици воздушни напади врз јужен Либан

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека рано утринава извршиле десетици воздушни напади во јужен Либан. „ИДФ врши „широки“ напади врз цели на Хезболах во јужен Либан“, пишува „Тајмс оф Израел“. Последниот бран воздушни напади уследи по напнатиот ден во кој Хезболах истрела повеќе од сто ракети во северен Израел, од кои некои паднаа во близина на градот Хаифа.

Continue Reading

Утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло

Утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе …

Continue Reading

Без струја дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе остане дел од општина Кисела Вода. Во периодот од 08.00 до 14.00 часот, струја ќе немаат корисниците од Драчево, улица Чучевска, улица Китка (општина Кисела Вода).

Continue Reading

Без вода дел од Центар

ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради санирање на дефект од страна на странка – фирма на улицата Франклин Рузвелт бр.60 во населба Центар без вода ќе останат корисниците на улицата Франклин Рузвелт лоцирани на потегот од улица Орце Николов до булеварот Партизански Одреди. Водоснабдувањето ќе биде прекикнато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот. …

Continue Reading

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва, 23.09.2024 година, во 02 часот и 02 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот …

Continue Reading