Со нова мобилна апликација МВР ќе се бори против семејното насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се обрати на промоција на мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“, која се одржа во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово. Апликацијата која треба да помогне да се зајакнат капацитетите  на полицијата во постапувањето со жени жртви на насилство и семејно насилство и истата ќе биде дел од …

Continue Reading

Нормализиран е сообраќајот на магистралниот пат Штип – Кочани

Авто мото сојузот на Македонија информира дека од 10:40 часот е нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Штип – Кочани. Како што претходно објавивме на овој патен правец се случи тешка сообраќајка во која загина пешак.

Continue Reading

Победникот на Тур де Франс призна дека се дрогирал

Поранешниот германски велосипедист Јан Улрих (50) го искоментира неодамнешниот документарен филм во кој признал дека користел допинг во текот на неговата кариера. Улрих победи на Тур де Франс во 1997 година, кога во пет етапи заврши на второто место. Тој за германската телевизија WDR изјави: „Документарниот филм Der Gejagte (Ловениот) беше еден вид терапија за мене и сега можам отворено …

Continue Reading

Јовиќ си оди од Милан

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ не е во плановите на тренерот на Милан, Пауло Фонеска, а големи се шансите тој да го напушти „Сан Сиро“ во зимскиот преоден рок. Ова го тврди познатиот италијански новинар Никола Шира, кој нагласува дека поранешниот центарфор на Реал Мадрид бил блиску до заминување од клубот летово, но дека ги одбил сите понуди. Центафор Милан сезонава …

Continue Reading

Полицијата правеше претрес во Прилеп, приведе едно лице и најде дрога

Полицијата вчера попладне го лишила од слобода Н.Н.(35) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, различни таблети, грутчеста материја и дигитална вага. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Continue Reading

Објавени конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи во државата за академската 2024-2025 година. Месечниот износ на стипендијата за постдипломски студии е 9.000 денари за девет месеци во годината. За докторски студии ќе се исплаќаат 18.000 денари месечно, во текот на целата година. Рокот за аплицирање е …

Continue Reading

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот

Легендата на францускиот и светскиот фудбал, Мишел Платини предложи револуционерна промена. Тој иднината на фудбалот ја гледа во игра10 на 10, а не 11 на 11. Платини, поранешниот претседател на Европската фудбалска унија, оцени дека натпреварите би биле поатрактивни за гледачите доколку во тимот има десет играчи и дека тоа би создало повеќе простор за игра. „Можеби треба да повлечеме …

Continue Reading

Кај кочанското село Тркање загина пешак

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во 07:50 часот загина пешак на регионалниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање,  а собраќајот се пренасочува по експресниот пат. Во тек е увид, а повеќе детали во текот на денешниот ден.

Continue Reading

Италијанската полиција го забрани доаѓањето на навивачите на Звезда

Фудбалерите на Црвена звезда ќе имаат две гостувања во Милано како дел од групната фаза од Лигата на шампионите – на 1 октомври гостуваат кај Интер, а на 11 декември со Милан. Сепак, како што е наведено на официјалниот сајт на српскиот шампион, симпатизерите на белградските црвено-бели нема да смеат да присуствуваат на Сан Сиро. Причината за забраната за пристигнување …

Continue Reading