Њујорк Тајмс: Харис потроши 20 пати повеќе пари на реклами од Трамп за време на дебатната недела
Американската потпретседателка и кандидат на демократите Камала Харис потроши 20 пати повеќе пари за рекламирање на социјалните мрежи отколку републиканскиот кандидат Доналд Трамп за време на дебатната недела, објави денеска Њујорк Тајмс. Харис наводно потрошила 12,2 милиони долари на рекламирање на Фејсбук и Инстаграм за време на дебатната недела, додека Трамп потрошил нешто повеќе од 611.000 долари. Претседателската дебата се …
Continue Reading
SPEAK UP FORUM 3 – младинска работилница
Центар за климатски промени во соработка со Општина Куманово и УНИЦЕФ, денеска беше организатор на младинска работилница, во рамки на проектот “Младинска акција за чист воздух”, во големата сала на поранешен Комитет, Куманово. На работилницата, учесниците ги претставија нивните барања за почиста животна средина, почист воздух и дискутираа за можна реализација на нивните идеи од повеќе аспекти, во соработка со општествените …
Continue Reading
СДСМ: СДСМ намалуваше цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73, дебакл на Владата
„Мерките на владата на Мицкоски освен што се задоцнети, тие нема да имаат ефект врз цените и стандардот на граѓаните. За жал, по најавената мерка на Владата дека се замрзнуваат маржите на само 73 производи, граѓаните не треба да очекуваат некаков ефект“, велат од СДСМ. „Оваа мерка е калкулантска политика на Владата колку да замачкаат очи дека нешто направиле под …
Continue Reading
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик. Се работи на расчистување на случајот.
Continue Reading
Сопственик на локал во Гостивар нападнал вработена
Полицијата поднесе кривична пријава против С.А.(55) од Гостивар поради насилство. „На 04.08.2024 во уостителски објект во Гостивар, пријавениот, сопственик на објектот, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал вработената М.А..“, објави МВР во дневниот билтен.
Continue Reading
Скопјанка пријавила манијак кој се соблекувал пред малолетници
Триесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила дека на 18 септември околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Continue Reading
Жена нападнала вработен во општината во Кочани
Полицијата поднесе кривична пријава против Д.Т.(31) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 3 август на улицата „Павлина Вељанова“ во Кочани, пријавената физички нападнала вработен во општина Кочани додека извршувал работни задачи.
Continue Reading
Нападнато дете од соученик во основно училиште во Карпош
Ученик бил нападнат во основно училиште во скопската населба Карпош. За случајот, полицијата ја алармирала мајката на нападнатото момче. „А.А.(36) од Скопје, пријавила дека на 17.09.2024 околу 12.00 часот во основно училиште на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик“, информираа од МВР во дневниот билтен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Continue Reading
Димитриеска Кочоска: Да обезбедиме влез на поголем број учесници на Берзата, ќе работиме на развој на секундарниот пазар
Министерството за финансии и Македонската берза во наредниот период активно ќе работат на развој на секундарниот пазар за тргување со хартии од вредност со цел да се зголеми бројот на учесници и тие да го најдат својот интерес во тоа. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната 23. Годишна конференција на Македонската берза, што се одржува …
Continue Reading