Ѓорѓиевски на средба со НДИ – Борбата против корупцијата е приоритет
Во просториите на општина Кисела Вода, градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, одржа состанок со претставници на НДИ, кои го раководат проектот за борба против корупција на локално ниво. Проектот е финансиран од Швајцарската амбасада и треба да трае 8 години. Основната цел на проектот е да се изнајдат механизми со помош на кои максимално ќе се намали корупцијата на локално, …
Continue Reading
Гостиварец измамен за сума од 760 евра: преку социјалните мрежи собирал пари за лекување во странство
Вчера во 14.40 часот во ОВР Гостивар, 31-годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 760 евра. Според пријавеното, околу 09.00 часот лицето се јавило преку социјална мрежа и се претставило како Р.М. од Република Србија, кој работел во хуманитарна организација. Како што е пријавено, лицето го видело апелот за помош за негово лекување во странство …
Continue Reading
Од пазарот се повлекуваат бисквити поради можност од присуство на надворешно тело, соопшти АХВ
Од македонскиот пазар се повлекуват производите на „Атлантик Штарк“: Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391, двата со рок на траење до 11.05.2025 година, поради можност за присуство на надворешно тело, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. „Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера, од компанијата „Атлантик траде Скопје Доо“ Илинден …
Continue Reading
Германија го суспендираше новиот извоз на воено оружје во Израел
Германија го суспендираше новиот извоз на оружје за Израел додека се справува со правните предизвици, според анализата на податоците на Ројтерс и извор близок до Министерството за економија. Извор близок до министерството цитираше висок владин функционер дека работата за одобрување дозволи за извоз на оружје во Израел е стопирана поради правниот и политичкиот притисок од правните случаи кои тврдат дека …
Continue Reading
Вархеји: Добра средба со Вучиќ за спроведување на следните чекори, планот за раст во полн ек
Европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека имал добра средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел за да ги подготви следните чекори во време кога се започнуваат „амбициозните реформи засновани на реформската агенда на Србија“. Вархеји на социјалната мрежа Х оцени дека новиот План за раст на Западен Балкан вреден шест милијарди евра е …
Continue Reading
Фолксваген сака да укине до 30.000 работни места во Германија и да ги намали инвестициите
Производителот на автомобили Фолксваген сака да укине до 30.000 работни места во Германија и да ги намали инвестициите, објави германскиот деловен портал Менаџер. Како што се наведува, поддржувачите на радикалните мерки во менаџментот на Фолксваген очекуваат бројот на работници да се намали од сегашните 130.000 за речиси една четвртина. Се најавува дека и Фолксваген поради заштеди ќе ги намали инвестициите за …
Continue Reading
Тепачка во интернат во Битола: таткото го претепал цимерот на својот син
Во СВР Битола вчера во 14.00 часот Ј.Б.(41) од Кичево пријавил дека во неговата соба во интернат во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Г.(37) од Вевчани, татко на неговиот цимер. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Кривична за геометар од Струга: изработил лажно решение за приватизација на градежно земјиште
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(39) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „злоупотреба на службена положба и овластувања“. Тој, во својство на помлад референт – геометар во Министерството за финансии, Управа за имотно – правни работи во Струга, изработил лажно решение за приватизација на градежно земјиште по основ стекната со надомест, …
Continue Reading
Со велосипед удрил во пешак и побегнал
Вчера во 07.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Доне Божинов“ и ул.„Ленинова“ во Куманово, велосипед удрил во пешакот М.Н.(46) од Куманово, по што возачот го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни порведи се здобила М.Н., констатирани во Градската општа болница Куманово. Извршен бил увид од екипа од СВР Куманово.
Continue Reading