Ердоган со премиерот на Либан: Исклучително се опасните напорите на Израел да ја прошири војната
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со либанскиот премиер Наџиб Микати, изразувајќи жалење за смртта на луѓе во истовремени пејџери експлозии во Либан. Ердоган му рекол на Микати дека аспирациите на Израел да го прошири конфликтот во регионот се „исклучително опасни“ и дека ќе продолжат напорите да се запре „израелската агресија“, пренесува Анадолија. Пејџерите што ги користеа членовите …
Continue Reading
Уапсен разбојник во Скопје поради извршени разбојништва во обложувалници
Вчера во 18.30 часот во Скопје, во Старата скопска чаршија, инспектори од ОКР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишија од слобода 36-годишниот С.А. од Тетовско, кој претходните денови извршил кривични дела „разбојништво“ во обложувалници и помали трговски објекти на територија на Скопје, заканувајќи се со скалпел, извести МВР. При преглед кај него е пронајден скалпел и пари …
Continue Reading
Герасимовски: Личните асистенти се веќе во училиштата, продолжуваме со инклузивниот пристап
Општина Центар обезбеди лични асистенти за 23 ученика со посебни образовни потреби, со што во целост им одговори на барањата на основните општински училишта за овој вид инклузивна поддршка. Од општинските служби најавуваат дека по адаптацијата на првачињата, можно е да се јави потреба од зголемување на бројката на лични асистенти за што локалната самоуправа има обезбедено средства во буџетот. …
Continue Reading
Кејт Мидлтон се врати на кралските должности, го одржа својот прв состанок
Кејт Мидлтон (42) ја одржа својата прва официјална средба по повеќе од девет месеци пауза поради здравствени проблеми, пишува Дејли Мејл. Принцезата од Велс им се врати на работните обврски. Таа организираше состанок во замокот Виндзор каде што разговараше за нејзиниот проект за ран детски развој, на кој присуствуваа членови на нејзиниот тим и претставници на Фондацијата за рано детство. …
Continue Reading
„Тоа не придонесува за дијалогот“: Унгарија нема да го поддржи членството на Косово во Советот на Европа
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта нема да го поддржи членството на Косово во Советот на Европа. Сијарто, одговарајќи на прашањето на српската новинска агенција „Танјуг“, изјави дека ставот на Унгарија во однос на членството на Косово и претходно беше јасен, а Унгарија се заложува за мир, стабилност и безбедност во …
Continue Reading
21 лице загина во поплавите во Европа, ново предупредување за Италија
Најмалку 21 лице го загуби животот во поплавите предизвикани од циклонот Борис во Централна Европа, а силно невреме сега и се заканува на Италија, каде е пронајдено телото на пожарникар кој исчезна во поплавата. Во поголемиот дел од Италија се издадени предупредувања за силен дожд, ветрови и поплави, јавува Би-би-си. Веќе има извештаи за поплави во Пескара во централна Италија, …
Continue Reading
Почна снимањето на новата „Жикина династија“: Никола Којо повторно е Миша, чии синови доаѓаат од Москва
Вчера во Белград почна снимањето на долгоочекуваното продолжение на хит серијата „Жикина династија“. Продолжението на хит филмскиот серијал од осмата и деветтата деценија на 20 век наречен „Враќањето на Жикина династија“ е во режија на Милан Коњевиќ, според сценариото на наградуваниот српски писател и професор на Факултетот за драмски уметности, Милена Марковиќ. Главната улога ја толкува Никола Којо, кој по …
Continue Reading
Кимих: Би платиле да гледта ваков натпревар
Баерн Минхен со историска победа ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите. Баварците со 9:2 го порази Динамо, со што му го нанесоа најтешкиот пораз на тимот од Загреб во клупската историја. Четири гола постигна Хари Кејн (три од пенал), два Мајкл Олисе, а по еден Рафаел Гереиро, Лерој Сане и Леон Горецка. „Би платиле билет за да гледате …
Continue Reading
Најмалку 7 лица загинаа во пожарите во Португалија, Шпанија и Мароко исто така испраќаат помош
Најмалку седум лица загинаа во пожарите во областите Авеиро и Визеу во Португалија, а помош ќе испратат и Шпанија и Мароко, објави Управата за цивилна заштита. Властите мобилизираа повеќе од 5.000 пожарникари, а уништени се десетици куќи и илјадници хектари шума, пренесува Ројтерс. Политичарот Дуарте Коста во вторникот вечерта изјави дека специјализиран тим за итни случаи од 230 шпански војници …
Continue Reading