Пронајдена 20-годишната скопјанка која се оддалечи од домот во Гази Баба
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека била пронајдена 20-годишната М.С. од Скопје, извести МВР. На 16.09.2024 нејзината мајка Н.С.(46) пријави дека таа се оддалечила од домот на подрачјето на Гази Баба.
Continue Reading
Кривична против маж од Гостивар, ја истепал неговата вонбрачна сопруга
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 29-годишниот Ф.Н. од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство, извести МВР. На 21.05.2024, пријавениот физички ја нападнал неговата вонбрачна сопруга.
Continue Reading
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
Вчера во 21.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на Чаир, едно лице со закана со огнено оружје кон вработената одзело пари од дневниот промет, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
“Регионална соработка за подобра социјална инклузија” – проект
Втора етапа од проектот за размена на искуства – воспоставување на услуги на грижа во заедницата со родово – чувствителна димензија, беше реализирана денеска во Општина Куманово, во зградата на поранешни општествено – политички организации. Во проектот се опфатени повеќе општини од регионот, Куманово, Свети Николе, Кочани, Валандово, Делчево и Прилеп. Учесниците на едукативниот настан претставија концепти за воспоставување на …
Continue Reading
На граничниот премин Делчево приведени две жени од Бугарија, нелегално престојувале во државата
Вчера во 06.50 часот на Граничниот премин Делчево, полициски службеници ги привеле 63-годишната Ц.Е.Б. и 31-годишната Т.Ц.Б., двете од Република Бугарија, затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека престојувале нелегално во државата, извести МВР. Тие биле предадени на полициски службеници во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка.
Continue Reading
38-годишник од Пробиштип изгубил контрола врз мопедот и паднал, со тешки повреди пренесен во болница
Денеска во 04.15 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на улицата „Јордан Стојанов“ во Пробиштип, 38-годишниот Ј.Ј. од Пробиштип, управувајќи мопед со пробиштипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот, извести МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип. Извршен бил увид од увидна екипа …
Continue Reading
Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со новиот амбасадор на Франција Кристоф Ле Риголер
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска беше домаќин на работна средба на новоименуваниот амбасадор на Република Франција, Кристофе Ле Риголер. На средбата Меџити и Ле Риголер заклучија дека односите меѓу двете земји се одлични, со можност за нивно продлабочување, како на билатерален, така и преку соработка со Европската Унија. Тема на …
Continue Reading
Стефано Пиоли ќе го преземе Ал Наср
Стефано Пиоли екс тренерот на Милан, попладнево заминал за Саудиска Арабија каде треба да потпише договор со Ал Наср. Пиоли, претходно во клупските простории на Милан, на „Сан Сиро“, го раскина договорот со клубот. Тој на клупата ќе го замени Луис Кастро, кој по нешто повеќе од една година го напушта клубот. Стефано Пиоли претходно работеше во Милан со кој …
Continue Reading
Блинкен: САД не се вмешани
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека САД „не знаеле ниту биле вмешани“ во експлозиите на пејџер. „Генерално кажано, бевме многу јасни и остануваме многу јасни за важноста да се избегнат какви било чекори кои би можеле да го ескалираат конфликтот што се обидуваме да го решиме во Газа“, рече Блинкен во Каиро.
Continue Reading