Времето утре: Променливо облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно со повремен локален дожд претежно во западните и северните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (наместа над 70км/ч.). Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб …

Continue Reading

Муцунски за шпанската агенција ЕФЕ: Интеграцијата во ЕУ е главниот надворешно-политички приоритет и клучен национален интерес

Во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, зборуваше за прашања поврзани со евроинтегративниот процес, осудувајќи ја „неправедната билатерализација“ и двојните стандарди кои станаа дел од процесот на пристапување во Европската Унија. Муцунски потсети дека нашата земја има направено „повеќе од која било друга“ за пристапување кон Унијата, а блокадите од нашите …

Continue Reading

Тошковски: Заштита и подигнувањето на достоинството на полицискиот службеник е пат до професионална полиција

Денеска, во Охрид, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги отвори 22-те по ред Синдикални спортски игри, во организација на Македонскиот полициски синдикат, на кои присуствуваат претседателот на МПС Зоран Кузмановски, претседателот на Советот на Европски полициски синдикати, Рикардо Валадас, директори на агенции и институции, професори и вработени во МВР. Синдикалните игри се традиционален меѓународен спортски синдикален настан, на кој …

Continue Reading

(Видео) Силјановска: Да сум апсолутен монарх можам да кажам ќе го сменам Уставот, јас не можам да ја суспендирам парламентарната демократија

„Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија не зависи од мене. Да бев апсолутен монарх, би рекла дека би го сменила Уставот. Пратениците ги претставуваат граѓаните кои гласаат по свое уверување. Не можам да ја суспендирам парламентарната демократија. Ние разговаравме за сите прашање. Ние не може да донесеме решение кое ќе го наметнеме“. Ова го изјави претседателката на Република …

Continue Reading

Љутков-Тодоров: Продолжуваме да ја развиваме меѓусебната соработка

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Софија во колегијална атмосфера ја оствари првата билатерална средба со министерот за култура на Бугарија, Најден Тодоров, а пред вечерашното гостување на македонската Национална опера и балет на сцената во главниот град на Бугарија. На средбата, министерот Љутков ја истакна подготвеноста на нашата држава да ги продолжи дијалогот и соработката со …

Continue Reading

„Мицкоски повторно колечни пред Гаши кој не го почитува Деловникот за Законот за бранители“, велат од СДСМ

„Согласно Деловникот на Собранието, откако претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, вчера не закажа расправа за овој закон во рок од 24 часа, обврската е на Африм Гаши да го направи тоа“, велат од СДСМ. „Како што Гаши ја закажа за денеска седницата на Комисијата за финансирање и буџет во врска со задолжувањето од …

Continue Reading

Скопјанка со нож нападнала маж, ги повредила домашните животни на татко му и оштетила прозорци

Полицијата од Гостивар поднесе кривична пријава против С.Г.(47) од Скопје поради загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и мачење животни. „На 3 мај, пред домот на Б.У.(23), пријавената со нож го нападнала неговиот брат, по што во шталата на таткото на Б.У. , исто така, со нож повредила домашни животни и оштетила два прозорци“, објави МВР во дневниот билтен.

Continue Reading

Девојчиња нападнати од соученик во основно училиште во Аеродром, МВР го расчистува случајот

Две девојчиња, сестри, биле нападнати вчера од страна на нивен соученик во основсно училиште во скопската населба Аеродром. За случајот алармирале родителите на девојчињата. „На 12.09.2024 во СВР Скопје, И.Д.(41) и В.Т.(44), двајцата од Скопје, пријавиле дека во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, нивните две малолетни ќерки биле физички нападнати од нивен соученик“, објави МВР во дневниот билтен. …

Continue Reading

Гостиварец запалил сува трева и предизвикал пожар

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Ф.(47) од с.Чајле, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 06.08.2024 на ул.„Илинденска“ во Гостивар, пријавениот запалил сува трева, при што предизвикувал пожар, објави МВР во дневниот билтен.

Continue Reading