САД: Путин докажа дека е способен за агресија, сериозно го сфаќаме предупредувањето

Соединетите Држави не планираат денеска да објават каква било промена во политиката кон Украина во врска со употребата на ракети со долг дострел, соопшти Белата куќа. „Нема промена во нашата позиција за обезбедување на Украина со можности за напад со долг дострел во Русија“, изјави за новинарите портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби. „Не би очекувал некоја …

Continue Reading

Објавена снимка од ослободените Украинци од руско заробеништво

Украина денеска врати 49 украински ветерани и цивили од руско заробеништво, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Меѓу нив има и припадници на украинската армија, Националната гарда, полицијата и граничарите, додаде тој. Меѓу нив има 23 жени. Ослободени се и дел од цивилите кои Русија ги приведе и незаконски ги затвори пред инвазијата, објави Координативниот штаб за третман на воени затвореници. …

Continue Reading

Русија во ОН: Ако го дозволи тоа, НАТО директно влегува во војна против нуклеарна сила

Амбасадорот на Русија во ОН Василиј Небензија вечерва пред Советот за безбедност на ОН изјави дека доколку западните земји дозволат Украина да изврши напади со долг дострел врз Русија, земјите од НАТО „ќе влезат во директна војна со Русија“. „Тоа е факт. НАТО ќе биде страна директно вклучена во непријателствата против нуклеарна сила. Мислам дека не треба да го заборавите …

Continue Reading

„Постојано ме критикуваат, а номиниран сум за Златната топка!“

Нема сомнеж дека Хакан Чалханоглу моментално е еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, иако често е критикуван дека не е константен. Впрочем, турскиот репрезентативец и фудбалер на Интер се најде во избраното друштво, меѓу 30-те кандидати за Златната топка. „Секогаш има критики на моја сметка, но не им обрнувам премногу внимание. Не сакам да звучам арогантно, но …

Continue Reading

(Видео) Зеленски: Дури и Белорусија го направи она што Западот не се осмелува, тоа е понижувачко

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги критикуваше западните земји. Зборувајќи на прес-конференција во Киев, Зеленски рече дека Западот „премногу се плаши“ да размислува за можноста за соборување руски ракети и беспилотни летала насочени кон Украина, и покрај тоа што му помага на Израел да го стори тоа. “The West doesn’t help us shoot down missiles, and they don’t even want …

Continue Reading

Шолц и Туск разговараа за построги гранични контроли

Германскиот канцелар Олаф Шолц и полскиот премиер Доналд Туск телефонски се консултираа за новите германски антимиграциски мерки, кои вклучуваат воведување контрола на сите германски граници. „Германскиот канцелар на својот полски колега му ги објасни политичките мерки во врска со миграцијата и го информираше за понатамошни можни дејствија кои ќе придонесат за намалување на нерегуларната миграција, кои се во рамките на …

Continue Reading

Кривична против три лица од Гостивар, по претходна расправија истепале тројца малолетници

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 21-годишниот А.Д., 19-годишниот А.Д. и малолетник, сите од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, извести МВР. На 15.08.2024 во Гостивар, по претходна расправија, пријавените физички нападнале тројца други малолетници, додаваат од МВР.

Continue Reading

Маж паднал додека работел на кровот на својата куќа, со тешки повреди е пренесен на Клиника

Вчера во Полициската станица Македонска Каменица било пријавено дека околу 19.45 часот, 72-годишниот К.Д., додека работел на кровот од сопствената куќа, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, извести МВР. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош. Се работи на расчистување на случајот.

Continue Reading

Скопјанец пријавил во полиција дека два пати во иста вечер бил нападнат во центарот на градот

Вчера во 21.00 часот во СВР Скопје, 44-годишниот С.Н. од Скопје пријавил дека околу 20.25 часот на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице, извести МВР. „На 13.09.2024 во 03.00 часот во СВР Скопје, С.Н., исто така, пријавил дека околу 22.30 часот, додека бил со неговиот брат Б.Н. и пријателот Т.Н. и чекал пред Градската општа …

Continue Reading