Измамена скопјанка за сума од 10.000 евра: и се јавиле на телефон и кажале дека ќерка и имала сообраќајка
Вчера во 17.10 часот во СВР Скопје, 77 – годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето и се јавило на телефон и ја известило дека нејзината ќерка, наводно, учествувала во сообраќајна несреќа во која загинал малолетник и дека родителите на малолетникот се согласиле за одреден паричен надомест да …
Continue Reading
Тоти: Де Роси може да ја доживее судбината на Мурињо
Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти, смета дека тренерот, Даниеле де Роси е во опасност да ја загуби работата доколку клубот не влезе во Лигата на шампионите. „Со оглед на лудите инвестиции ова лето, мора да се пласираат во Лигата на шампионите. Ако вложите 100 милиони евра и не одите во ЛШ, тоа е целосен колапс“, рече Тоти и додаде: …
Continue Reading
Постапка за криумчарење златен накит на „Богородица“
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Турција со привремено престојувалиште во Република Франција, бидејќи постои основано сомнение дека сторил Криумчарење согласно член 278 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 11 септември, на влез во државава на граничниот премин „Богородица“, како сопатник во автомобил „Ауди“ со француски регистарски ознаки, ја избегнал царинската контрола и пренел непријавена …
Continue Reading
Баерн му нуди нов договор на Мусијала
Џамал Мусијала е еден од најмладите и најважните играчи на Баерн Минхен. Неговиот договор со клубот истекува во јуни 2026 година. Интерес за Мусијала има кај неколку елитни клубови, а медиумите тврдат дека наредното лето неговиот потпис ќе се обиде да го обезбеди Манчестер сити. Исплашени од интересот на Пеп Гвардиола, челниците на клубот ги започнале преговорите со неговиот менаџер …
Continue Reading
Работна средба на министерот за правда Игор Филков со директорот на УИС, Александар Пандов и директорите на затворите во земјата
Во тренинг центарот на КПУ Идризово, министерот за правда Игор Филков одржа работна средба со директорот на УИС Александар Пандов, директорите и замениците директори на сите затворски институции во државата. Состанокот беше фокусиран на согледување на фактичката состојба и проблемите со кои се соочуваат затворските институции. Проблемите се детектираат пред се во просторните услови на институциите, недостатокот на вработени, како од безбедносните …
Continue Reading
Лишен од слобода крадец во Свети Николе
Вчера во 18.30 часот во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода Д.В.(32) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин. Тој се сомничи дека на 07.09.2024 во 19.40 часот во Свети Николе, на А.Ј.(72) му одзел паричник со лични документи, пари …
Continue Reading
ФА покрена постапка против Бентакур – Уругваецот се соочува со суспнезија на 12 натпревари
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), покрена дисциплинска постапка против играчот од средниот ред на Тотенхем, Родриго Бентанкур за расна навреда упатена кон соиграчот Сон Хеунг-мин. Во интервју за уругвајската телевизија „Канал 10“, водителот го прашал уругвајскиот репрезентативец за дресот на играчот на Тотенхем, на што тој одговорил: „На Сони? Може да е братучед на Сони, сите изгледаат исто“, пренесува „Би-би-си“. …
Continue Reading
Телефонски разговор Муцунски – Сибиха – реафирмирана поддршката за Украина
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со својот украински колега Андриј Сибиха. „За време на разговорот, Муцунски ја реафирмираше нашата поддршка за Украина, која ќе продолжи и во иднина. Тој потенцираше дека, како земја-членка на НАТО, остануваме посветени на обезбедување силна политичка и практична помош за Украина додека таа ја брани својата независност …
Continue Reading
Откриен канабис во тетовско – пронајдени 107 гранки со лисја, поведена истрага
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Истрагата е поведена бидејќи полициски службеници на 9 септември кај осомничениот во селото Јажинце пронашле 107 гранки со лисја и вршунки во делумно …
Continue Reading