Повеќе од 400 деца злоставувани во дом: уапсени верски учители и старатели во Малезија
Малезиската полиција спаси 402 деца и тинејџери осомничени дека биле физички и сексуално малтретирани во 20 домови за деца во таа земја. Жртвите, на возраст меѓу една и 17 години, се вели дека биле изложени на различни форми на злоупотреба, а некои наводно биле принудувани да вршат сексуални дејствија врз други деца, изјави на прес-конференција главниот полициски инспектор Разарудин Хусаин. …
Continue Reading
Антонов: Америка го отвора патот за трета светска војна
Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов изјави дека Америка го отвора патот за почеток на Третата светска војна. Разговорот за можноста Вашингтон да му дозволи на Киев да користи американски ракети за напад на руска територија, ја турка Украина да ги зголеми нападите врз цивилите, а Америка со вакви акции го отвора патот за почеток на третата светска војна. „Американската …
Continue Reading
Уставниот суд поведе постапка за Правило на АРМ со кое се забранува вршење на верски обреди
Уставниот суд поведе постапка за Параграф 4 алинеја 1 од Правилото за сместување и ред во Армијата на Република Македонија бр.02-295/1 од 16.07.2012 година. (Оспорена содржина: „Во воените објекти се забранува вршење на верски обреди”.) Судот во оваа фаза од постапката изрази сомнеж дека оспорениот акт не е во согласност со темелните вредности на уставниот поредок утврдени во член 8 …
Continue Reading
Гаши на средба со група нерезидентни амбасадори со седиште во Софија: разговарано за економската размена и искуствата на дел од земјите аспиранти за ЕУ
Претседателот на Собранието Африм Гаши оствари средба со група нерезидентни амбасадори за нашата земја, со седиште во Софија, кои се во посета на Скопје. На средбата присуствуваа нерезидентните амбасадори на Мароко, Египет, Кувајт, Монголија, Грузија, Молдавија, Индија, Пакистан и Куба, кои изразија поддршка за нашите институции и волја за продлабочување на односите и за јакнење на соработката со Република Северна …
Continue Reading
Ограбен 72-годишен маж од Свети Николе: сторителот му украл лични документи, пари, мобилен телефон
Вчера во 18.30 часот во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода Д.В.(32) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин. Тој се сомничи дека на 07.09.2024 во 19.40 часот во Свети Николе, на А.Ј.(72) му одзел паричник со лични документи, пари …
Continue Reading
Зеленски: Руска ракета погоди брод што превезува жито во Црното Море
Руски проектил погодил цивилен брод кој превезувал жито од Украина, кој веќе ги напуштил украинските води во Црното Море, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски рече дека бродот бил на пат кон Египет, објави Ројтерс. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека рускиот напад на брод што превезувал жито во Црното Море е „безобразен напад“ врз слободата …
Continue Reading
Маж повреден при експлозија на рачна бомба додека работел на нива
Во СВР Тетово вчера во 12.05 часот било пријавено дека околу 11.50 часот во атар на с.Неготино, општина Врапчиште, додека бил во нива на неговиот брат, кај место викано „Маврица“, од експлозија на рачна бомба со повреди се здобил Б.А.(51) од с.Неготино. Тој бил пренесен во Ургентен центар во Гостивар за укажување на лекарска помош. По овластување на јавен обвинител, …
Continue Reading
ЕУ ги продолжи индивидуалните санкции против Русија за шест месеци
Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за уште шест месеци, до 15 март 2025 година, рестриктивните мерки против лицата кои ги смета за одговорни за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. Како што се наведува во соопштението на Советот на ЕУ, постојните рестриктивни мерки предвидуваат ограничувања за патување за физички лица, замрзнување на …
Continue Reading
Превезувал мигранти па бегајќи од полицијата удрил во полициско возило и во рампа на наплатна станица
Синоќа околу 20.35 часот на сервисна улица после исклучокот од автопатот А1 Велес – Скопје, кон с.Отовица, велешко, полициски службеници забележале дека во патничко возило „фолксваген туран“ се превезуваат мигранти. Откако возачот ги забележал полициските службеници, со возилото удрил во возило „форд“, сопственост на МВР, по што продолжило со движење на автопатот А1 и на наплатната станица Отовица со возилото …
Continue Reading