(Видео) Гаши се сретна со новиот амбасадор на Франција: ставен акцент на можностите за понатамошно продлабочување на парламентарната соработка меѓу двете земји

Претседателот на Собранието Африм Гаши го прими новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристоф Ле Риголер, посакувајќи му добредојде и успешен мандат во земјава. Акцент на средбата беше ставен на можностите за понатамошно продлабочување на парламентарната соработка меѓу двете земји, на улогата на Северна Македонија како партнер во НАТО, како и на евроинтеграцијата на земјава. Претседателот Гаши истакнувајќи ја заложбата на …

Continue Reading

Владата организира свечена програма „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ по повод Денот на независноста

По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје на 08.09.2024 година, во 13:00 часот. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба …

Continue Reading

Николоски: Главните приоритети на Владата е обезбедување поволни услови за користење на попристапен авиопревоз, објавен јавниот повик за финансиска поддршка за нови дестинации

Министерството за транспорт го објави Јавниот повик за финансиска поддршка за воведување нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје и Свети Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година, објави на својот фејсбук профил заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. “ Во рамки на тригодишната програма за оваа намена се обезбедени средства во износ од 360 милиони денари. Еден …

Continue Reading

(Видео) Русите ракетираа зграда во еден украински град, при што загина маж, а повредени се деца

Руските сили денеска го гранатираа градот Павлорад во областа Днепропетровск, при што загина најмалку едно лице, а беа повредени 55. Меѓу ранетите има најмалку три деца, соопштија властите. Меѓу повредените наводно има две момчиња на возраст од 11 и 4 години и едно деветгодишно девојче. Двајца хоспитализирани жители се во тешка состојба, изјави гувернерот Серхиј Лисак. Russia has just committed …

Continue Reading

Дибала за дресот на „Меси“: Не знаев дали да го облечам

Аргентина го победи Чиле со 3:0 во квалификациите за пласман на Светското првенство. Третиот гол за „гаучосите“, во 91.минута го постигна Паоло Дибала. Дибала, се врати во националниот тим, влезе од клупата за резерви на теренот, а на грбот ја носеше десетката.на Меси. „Навистина е спектакуларно чувството што се вратив и дека сум заедно со моите соиграчи и навивачи кои …

Continue Reading

ВЛЕН: Кадрите на Зиадин Села и Али Ахмети фатени во криминал со коцкарници

„Кога лажните моралисти се обидуваат да продаваат чесност, им паѓаат маските! Додека пратениците на Зиадин Села се гласни во Собранието за наводна дислокација на казината, во Боговиње, на дело е фатен и уапсен шефот на нивниот тамошен огранок, Сафет Мифтари, воедно и заменик директор на Македонски шуми“, велат од ВЛЕН. „Ова е невиден скандал, висок функционер на Европски Фронт, организира …

Continue Reading

Двајца осомничени за илегална трговија со дрога во Велес, доставен предлог за определување притвор

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, велешанец и велешанка, во патничко возило БМВ со скопски …

Continue Reading

Пуштена во употреба атлетска патека и трибина во рамки на спортскиот комплекс „Драго Маневски“ во Општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски ја пуштија во употреба новата атлетска патека, која се наоѓа во рамки на новиот Спортски комплекс „Драго Маневски“, односно околу изграденото мултифункционално игралиште во близина на средното училиште во Илинден. На настанот покрај големиот број присутни љубители на спортот присутни беа и пратеници, советници, дитектори како и …

Continue Reading

18-годишен Египќанец загина во пожар во затвор во Милано

Италијанскиот синдикат на затворски чувари Уилпа соопшти дека 18-годишен државјанин на Египет загинал во пожар што во текот на ноќта избувнал во затворот Сан Виторе во Милано. Генералниот секретар на Уилпа, Џенарино Де Фацио, изјави дека жртвата и неговиот другар во ќелија го предизвикале пожарот, кој стана вообичаен облик на протест во италијанските затвори, пренесува Анса. „Не веруваме дека се …

Continue Reading