„Само Лаутаро од Серија А може да игра во Сити или Реал“

Фабио Канаваро светскио првак со Италија во 2006 година за италијанските медиуми го коментираше списокот од 30 фудбалери кои конкурираат за Залтната топка. На спискот има тројца од Серија А, Лаутаро Мартинез и Хакан Чалханоглу од Интер, односно Адемола Лукман во Аталанта. „Не можете да го доведете во прашање името на Лаутаро на списокот. Ја освои Серија А и Копа …

Continue Reading

„Црно под ноктите“, изложба на Андреј Медиќ Лазаревски на 13. септември во Буква

На 13. септември во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20:30 ќе се случи првата изложба на Андреј Медиќ Лазаревски под наслов „Црно под ноктите“. Изложбата се состои од колажи и мини-инсталации изработени во последната година. „Црно под ноктите“ е концепт со кој авторот пробува да го втурне гледачот во „гнилото“, во „црното под ноктите“. Во тоа „гнило“ се наоѓаат темите …

Continue Reading

Сиљановска Давкова прими претставници од организацијата Обединети Македонци од Канада

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими претставници од организацијата Обединети Македонци од Канада. На средбата, на која присуствуваа претседателот на ООМК, Ристо Дурловски и секретарот Драги Стојковски, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за тековните активности и цели на организацијата и за нивното делување во насока на застапување на интересите и потребите на македонската заедница во Канада. Во таа насока, претставниците …

Continue Reading

ЕУ се прашува зошто Вулин толку често патува во Москва

Одржувањето блиски врски со Русија не е во согласност со принципите на процесот на пристапување и можното членство во Европската унија, а Србија треба да се воздржи од одржување и интензивирање на односите со Москва, изјави портпаролот на Комисијата за надворешна политика, Петер Стано. „Мислам дека сите ги знаат принципите на процесот на пристапување и можното членство во ЕУ, а …

Continue Reading

Островот на кој живеат шестпати повеќе мачки отколку луѓе, а нa кучињата им е забранет пристап

Јапонскиот остров Ташироџима, познат и како островот на мачките, е вистинско кралство на овие животни. Ги има речиси шестпати повеќе од луѓето. Во 50-тите години на островот живееле приближно илјада луѓе, а денес тој број е десетпати помал, само стотина жители, главно постари. За разлика од луѓето, популацијата на мачки не е во опаѓање, пишува „Јапан гуид“. Во 17 и …

Continue Reading

Љутков: Инвестирањето во Баргала и во Штип е наш влог во афирмацијата на македонската историја и култура

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, оствари работна посета на локалитетот Баргала, Општина Карбинци, и на националните установи од областа на културата во Штип, при што направи увид во актуелните состојби, согледувајќи ги потребите на институциите за периодот што следува. „Баргала е локалитет од стратегиско значење за нашите политики во однос на развој на културниот туризам, затоа и со …

Continue Reading

Минхен: Убиениот напаѓач бил австриски државјанин со потекло од Босна и Херцеговина

Осомничениот за пукањето во близина на израелскиот конзулат во Минхен е убиен во размена на оган со полицијата, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман, а станува збор за исламист кој од претходно и бил познат на полицијата. „Мораме да претпоставиме дека нападот врз израелскиот генерален конзулат можеби бил планиран утрово“, рече Херман. Како што пренесува „Билд“, …

Continue Reading

Турција ќе ја зголеми воената и економската соработка со Македонија, поддршка и за турските компании да инвестираат кај нас

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин и оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, кој е во официјална посета на нашата земја. Станува збор за прва посета на странски министер за надворешни работи по формирањето на новата Влада, што воедно е силна потврда за одличните и долгогодишни односи меѓу …

Continue Reading

Украинскиот парламент ја прифати оставката на Кулеба; Зеленски: Ни треба нова енергија

Украинскиот парламент со јасно мнозинство ја прифати оставката на министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба, објавија украинските медиуми и на таа функција го назначи неговиот заменик, 49-годишниот Андриј Сибиха. Кулеба вчера поднесе оставка. Тој е на функција од 2020 година и стана еден од попознатите министри на Украина надвор од земјата, бидејќи постојано бараше поддршка во одбраната од руската инвазија. …

Continue Reading