25 години од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ

Денеска претседателката на Совет на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска присуствуваше на пригодна свеченост по повод 25 години од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ, која се одржа во касарната Боро Менков во Куманово. На свеченоста се обратија министерот за одбрана Владо Мисајловски, претседавачот на Координативниот комитет на SEDM и на Политичко – воениот управен комитет Симона Којачару и …

Continue Reading

(Видео) Митева до СДС: Опседнатоста со Мицкоски се гледа преку денешната седница каде користите политичка интерпелација како основ да зборувате за премиерот

На денешната седница во собранието на Македонија се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која што истакна дека СДСM нема никаков напредок и се опседнати со Мицкоски а денешната интерпелација е гола политика што сакаат да ја продадат на македонската јавност. „Колега Талевски имам две работи што сакам да ви ги кажам после вашиот говор, првата е дека преку вашиот …

Continue Reading

Дурмиши: Објавен е јавниот повик за поддршка на развојот, одржувањето и имплементацијата на општествено прифатливи практики на деловните субјекти

Министерството за економија и труд денес објави јавен повик за поддршка на развојот, одржувањето и спроведувањето на општествено прифатливи практики на деловните субјекти, дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност за 2024 година Со оваа мерка се надоместуваат дел од трошоците од страна на Министерството за економија и труд за развојот, одржувањето и спроведувањето …

Continue Reading

Лимани: Посветено ќе работиме на намалување на листите на чекање во градинките, затоа што секое дете е важно

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, Градоначалникот на О. Илинден, Александар Георгиевски, вработените во детската градинка, жителите на ова населено место, присуствуваше на свеченото отворање на доградбата на Јавната установа „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. Проширувањето на капацитетот на градинката значи и влез на нови 24 …

Continue Reading

59-годишник изгубил контрола врз мопедот и паднал, со тешки повреди пренесен во Ургентниот центар во Гостивар

Вчера во 13.05 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „Тоде Богданоски“ во Гостивар, 59-годишниот С.Д. од гостиварски Равен, управувајќи мопед со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал од мопедот, извести МВР. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар“, соопшти МВР. Увид на местото на несреќата извршила екипа од …

Continue Reading

Мицкоски најави нова германска инвестиција за производство на литиумски батерии, во вредност од 65 милиони евра и 700 нови вработувања

„Да, веќе утре после напорна двомесечна работа и отстранување на сите оние недостатоци, коишто се акумулирале во месеците наназад, ќе имаме поставување на нов камен темелник на компанија којашто доаѓа од Германија“, најави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Тој информираше дека инвестицијата е отприлика 60 до 65 милиони евра, некаде околу 700 …

Continue Reading

Тешко повреден малолетник од Скопје, во него удрил „нисан“

Вчера во 13.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Февруарски поход“ во Скопје, патничко возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот С.С., удрило во малолетен пешак, двајцата од Скопје, извести МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Малолетник и 34-годишен маж од Кумановско загинаа во тешка сообраќајна несреќа

Вчера во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Б.А. од село Опае, кумановско, удрило во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско, …

Continue Reading

Русите имаат нова цел во Украина – железницата

Руските сили нападнаа пруги во регионите Суми и Дњепропетровск, а во нападот во Запорожје загинаа две лица, меѓу кои и едно осумгодишно момче, соопштија денеска украинските власти. Државните железници на Украина денеска соопштија дека цел на нападот на Русија во текот на ноќта била нивната инфраструктура во североисточниот регион Суми и централниот регион Дњепропетровск. Украинското МВР соопшти дека во нападот …

Continue Reading