Пожар во три авто плацеви во Струшко, изгореа над 100 возила
Вчера во 13.35 часот во Полициската станица Велешта било пријавено дека настанал пожар во три авто плацеви во село Велешта, струшко, извести МВР. „Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во авто плац сопственост на А.Х.(59) од с.Велешта биле опожарени осум патнички возила во возна состојба и 20 неисправни возила, во плац сопственост на П.Х.(39) од с.Велешта биле …
Continue Reading
“Планинарска инфраструктура основа за туризам и здрави навики” – проект
Основна цел на проектот е развој на Општина Куманово, со атрактивна туристичка понуда, во областа на адреналински /рурален туризам. Целна група на проектните активности беа ученици од основни и средни училишта, студенти и граѓани кои имаат интерес за спортски активности во природни услови. Проектот се реализираше од страна на ЗПЗП Козјак 2013 Куманово. Во рамки на проектот беа реализирани следниве …
Continue Reading
Приватните превозници постигнаа договор со ЈСП
Приватните превозници постигнаа договор со ЈСП и повторно ќе возат, откако денеска им биле префрлени 80 проценти од долгот, односно 40 милиони денари. „Двата пакети, пакет 1 и пакет 3, кои сабајле возеа само по една тура, сега се активираат од гаражите за да почнат да возат и да ги опслужуваме граѓаните на Град Скопје“, кажа Оливер Петрушевски, приватен превозник …
Continue Reading
Проблем за Реал, се повреди и Себаљос
Дани Себаљос, синоќа по подолго време се најде во стартиот состав на Реал. „Кралскиот клуб“ со 2:0 го победи поранешниот клуб на Себаљос, Бетис. Играчот од редот за врска нема по добро да го памети натпреварот, се здоби со повреда и подолго време ќе биде отсутен од тимот. „По извршените тестови денеска од страна на лекарската служба на Реал Мадрид …
Continue Reading
Владата и телекомуникациската компанија „4iG” потпишаа Меморандум за разбирање
Владата и „4iG“ Групацијата, една од водечките ИКТ компании во Унгарија и Западен Балкан, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање со цел да се забрза дигиталната трансформација во Македонија во делот на економијата и инфраструктурата. Меморандумот кој претставува основа за долгорочна соработка меѓу Владата и „4iG“ Групацијата ги истакнува можностите за влез „4iG“ Групацијата на телекомуникацискиот пазар во Македонија …
Continue Reading
Вработени во УЈП, кои добиле повисоки плати од февруари, треба да враќаат пари оти незаконски биле унапредени, Петрова ќе ги поништи одлуките на Лукаревска
Новата директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, денес извести дека во институцијата има кризна состојба оти претходната директорка Сања Лукаревска незаконски донела одлуки и акти поради кои сега имаат хаос во организирањето на работата. Неправилностите веќе ги констаирале Државната комсија за спречување корупција и Државниот инспекторат за труд. „Во моментот јас сум соочена и треба да извршам …
Continue Reading
Новата учебна година во Струмица ја започнаа 451 ученик во прво одделение
Денеска на првиот ден од новата учебна година, најрадосни беа првачињата коишто за прв пат седнаа во училишните клупи. Според информациите од Одделението за образование вкупно во прво одделение во општинските основни училишта запишани се 451 ученик, а во текот на овој месец се очекува да се запишат уште 100 првачиња. Според истражувањето на порталот Независен, а објавено денеска, единствено …
Continue Reading
МФ: Ажурирани податоците на порталот „Отворени финансии“
Министерството за финансии информира дека е отстранет техничкиот проблем и податоците на порталот „Отворени финансии“ се ажурирани. „Поради нестручност на фирмата која го одржува порталот, воедно и поради недостаток на ИТ кадар, системот не бил навремено одржуван, а проблемот започнува да се јавува уште во февруари месец. Вработените од ИТ секторот во координација со новиот советник за ИТ технологии успешно …
Continue Reading
Зегин со поддршка за Регионалната конференција за млади излекувани од канцер
Изминатиов викенд во Струга по втор пат се одржа конференција за млади излекувани од канцер во организација на Здружението за подобро здравство, образование и социјална грижа САНО, каде што се споделуваа знаењата и искуствата на излекуваните млади лица од канцер. Компанијата Зегин во име на долгогодишната успешна соработка со здружението САНО и овој пат помогна за овозможување на ова непроценливо …
Continue Reading