(Видео) Црвена звезда ќе игра во ЛШ, во Братислава го слават Барсегјан

Црвена звезда, Слован Братислава и Лил ја комплетираа листата од 36 екипи, кои во септември ќе играат во новиот формат на Лигата на шампионите. Актуелниот шампион на Србија, Црвена звезда го победи норвешкиот шампион Бодо/Глимт со 2:0 во вториот натпревар од плеј-офот за Лигата на шампионите на преполната Маракана во Белград. Звезда ја анулира негативата од 2:1 од првиот натпревар …

Continue Reading

КОНМЕБОЛ жестоко ги казни уругвајските репрезентативци

КОНМЕБОЛ, јужноамериканската Куќа на фудбалот, донесе остри казни за уругвајските репрезентативци кои учествуваа во инцидентите со навивачите на Колумбија по поразот од 0:1 во полуфиналето на Копа Америка летово во Шарлот. Најлошо помина напаѓачот Дарвин Нуњес, кој ќе ги пропушти следните пет официјални натпревари. Покрај Нуњес, најстрого се казнети и другите членови на тимот. Родриго Бентанкур ќе пропушти четири натпревари, …

Continue Reading

Основачот на Телеграм е пуштен од полициски притвор

Основачот на апликацијата „Телеграм“ – Павел Дуров е ослободен од полицискиот притвор во Франција и е префрлен на сослушување во суд каде ќе биде донесена одлука за евентуалното обвинение, изјавија обвинителите за Си-Ен-Ен. Дуров (39) беше приведен во саботата на аеродромот „Ле Бурже“ во близина на Париз, како дел од истрагата за злосторства поврзани со детска порнографија, трговија со дрога …

Continue Reading

ЦИА: Извесно е дека Путин планира контраофанзива во Курск за да ја врати територијата

Рускиот претседател Владимир Путин најверојатно ќе почне контраофанзива за да се обиде да ја врати територијата во регионот Курск заземена од украинската војска, изјави денеска заменик-директорот на ЦИА Дејвид Коен. – Можеме да бидеме сигурни дека Путин ќе почне контраофанзива за да се обиде да ја врати таа територија. Нашите очекувања се дека тоа ќе биде тешка борба за Русите, …

Continue Reading

Изгоре магацинот на „Стокомак“ кај Струмица, причините за пожарот засега непознати

Попладнево околу 17 часот пожар ги зафатил магацинските простории на маркет на „Стокомак“ пред селото Дабиле, кај Струмица и се ширел кон внатрешноста на објектот, информираа од ТППЕ Струмица. Според пожарникарите, во гаснењот на пожарот учествувале три против пожарни возила и 11 пожарникари, а благодарение на брзата и ефикасна интервенција пожарот е изгаснат и не е дозволено да се прошири …

Continue Reading

ЦУК: Активни се пет пожари, еден е под контрола, 20 се изгасени

До вечерва до 19 часот, како што информираат од Центарот за управување со кризи, активни се пет пожари, а еден е ставен под контрола. Изгаснати се 20 пожари. Активен е пожарот на планината Мукос, село Степанци и месноста викана Кадиица на границата помеѓу општините Чашка и Долнени. Гори мешана шума. Пожар има и кај селото Црвена Вода, во месноста викана …

Continue Reading

Трамп ги обвини Бајден и Камала Харис за неодамнешниот обид за атентат врз него

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги обвини претседателот Џозеф Бајден и неговата демократска ривалка Камала Харис за обидот за атентат минатиот месец, обвинувајќи ги дека ѝ отежнуваат на Тајната служба да го заштити. Трамп ова тврдење, за кое не понуди докази, го изнел вчера во ток-шоуто „Д-р Фил“ што го води Фил МекГроу, објави „Гардијан“. Претходно беше објавено дека неколку …

Continue Reading

Шумската и Граничната полиција на терен: прекинат уште еден ланец на дрвната мафија во Кичевско

Во заедничка акција на Шумска полиција од Кичево со граничната полиција во атарот на село Колари пресретнат е камион со огревно дрво од државни шуми без документи за превоз. За сторителите поднесени се соодветни пријави до институциите, камионот со кој е превезувано дрвото е одземен и складиран во Полициската станица во Зајас. „Продолжуваме со зголемени акции во соработка со МВР, …

Continue Reading

Земјотрес со јачина од 5,2 степени е регистриран во близина на Крит

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала се случи денеска недалеку од грчкиот остров Крит. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 25 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Continue Reading