Дел од трошоците се да обезбедам основни услови на службено патување после лет на кој авио компанијата ми го изгуби багажот: Костадиновска – Стојчевска за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ

Жалам што мојот две годишен мандат ВМРО ДПМНЕ се обидува да го извалка со лаги, вели пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска. „Еве ја вистината: Дел од трошоците кои ги презентираа се однесуваат на нужност да обезбедам основни услови за мое нормално функционирање на службено патување после лет на кој авио компанијата ми го изгуби багажот. И да, купив нови …

Continue Reading

Пронајдени небезбедни производи, храна се чувала на амбиентална температура, уништена храна од животинско потекло: по вонредните контроли на АХВ

По вонредните засилени контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведе во туристичките центри во земјава, покрај редовните контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со спроведување на засилени контроли на целата територија на државава. Во моментов, како што информираат од АХВ, во тек е спроведување на вонредни контроли во угостителските објекти во целата земја. Минатата недела спроведени беа …

Continue Reading

Мицкоски: Мајка Тереза е нишката која ги поврзува сите кои живееле на овие простори, да го следиме нејзиниот пример на хуманост и добрина

Премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на 114 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, кажа дека таа претставува синоним за сето добро, благородно, чесно за тоа како од срце искрено се помага на оние кои помошта им е потребна. „Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на денешен ден 1910 година, на тогашната улица „Поп Кочина” број 14, што се наоѓала на сегашниот …

Continue Reading

Немаат самоконтрола: три хороскопски знаци кои не можат да одолеат на искушението

Без разлика дали се работи за мали нешта, како одлучување дали да јадеме уште едно чоколадо или за поголеми предизвици кои ја тестираат нашата волја и карактер, секој од нас има свои слаби точки. Некои луѓе се склони кон импулсивни одлуки, додека други се мајстори на самоконтрола. Во продолжение ви ги претставуваме хороскопските знаци во кои се раѓаат луѓе кои …

Continue Reading

Ленгле на позајмица во Атлетико

Фудбалерот на Барселона, Клемент Ленгле до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во Атлетико, соопштија од клубот од Мадрид. Ленгле (29) е член на Барселона од 2018 година, а последните две сезони, како позајмен фудбалер играше во Тотенхем и Астон Вила. Пред Барселона, францускиот фудбалер играше за Севилја и Нанси. Во соопштението на Атлетико се наведува дека Ленгле успешно …

Continue Reading

Пукање во близина на училиште во Црна Гора: има повредени

Едно лице е тешко повредено во престрелката што се случила синоќа во Тузи, во близина на мешаното средно училиште „25 Мај“, соопшти Управата на црногорската полиција. Осомничениот за ова кривично дело е приведен, а од него е одземен пиштол „магнум 357“ кој ќе се вештачи во Центарот за судска медицина при Полициската управа. „Истиот ден во Клиничкиот центар на Црна …

Continue Reading

Уште еден напад со нож во Лондон: избодени три лица

Три лица се избодени со нож за време на првиот ден од карневалот во Нотинг Хил во Лондон, а едно од нив се здобило со повреди опасни по живот, соопшти лондонската полиција. Се очекува повеќе од милион луѓе да присуствуваат на карневалот, прослава на афро-карипската култура што се одржува секоја година на улиците на Нотинг Хил во западен Лондон. На …

Continue Reading

Судар на два автомобили: Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

Во тешка сообраќајна несреќа вчера попладне во близина на Килкис (Кукуш) во северниот дел на Грција, загинал 55-годишен македонски државјанин, пишуваат грчките медиуми. Според информациите, се судриле два автомобили. Автомобилот со кој управувал 55-годишниот  се судрил со друг автомобил управуван од 44-годишна жена. Возачот бил пренесен во болница во Солун, каде што била констатирана смрт. Причините за несреќата засега не се …

Continue Reading

Лажни физиотерапевти ограбиле 90-годишна старица во Хрватска

Полициски службеници од Полициската станица Дрниш извршија кривична истрага против повеќе лица, четворица хрватски државјани на возраст од 65, 48, 57 и 55 години и хрватски државјанин на возраст од 60 години поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба против 90-годишна жена. „Завршената кривична истрага утврди дека во петокот претпладне на поширокото подрачје на Дрниш, пријавените …

Continue Reading