Незадоволниот Лунин бесплатно ќе го напушти Реал

Голманот на Реал, Андриј Лунин ќе остане во клубот до крајот на сезоната, што во неговиот случај значи и до крајот на договорот. Тој потоа ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч, што значи дека клубот нема да профитира од неговото заминување. Украинецот беше првиот голман на клубот во минатата сезона, но враќањето на Тибо Куртоа по повредата и …

Continue Reading

(Видео) СДСМ бара оставка од Тошковски: Детелна истрага за скандалот со злоупотреба на границата

На денешната прес-конференција СДСМ ги објави информациите од свиркачите за скандалот со свадбената поворка на Африм Гаши и скандалот со злоупотреба на граничниот премин Блаце. СДСМ побара оставка од Тошковски, декласификација на снимките од граничнниот премин и идетална истрага за скандалот. – Време е за одговорност, онаму каде што вистински е лоцирана, почнувајќи од министерот Тошковски па се до крај. …

Continue Reading

Пукање во средно училиште во Босна и Херцеговина, тројца мртви

Во пукање во средно училиште во Сански Мост во Босна и Херцеговина дошл. Има загинати и ранети, пишува босански Кликс. Како што дознава порталот од неофицијални извори, загинале најмалку две лица и тоа директорот на училиштето и секретарот. Неколку лица се ранети, а напаѓачот пукал и во професорка. Според босанските медиуми, сторителот е вработен во Мешовитото средно училиште. Од полицијата …

Continue Reading

ДУИ: Владата сака да го стопира проектот за булеварот на патот кон Косово

„Моноетничката власт напредува, од еден скандал на ден веќе се случуваат по неколку скандали дневно, 60 дена влада, 120 скандали. Демократската Унија за Интеграција го смета за неприфатлив и неостварлив предлогот на моноетичката влада проблемите со градот Скопје да се решаваат на сметка на Албанците преку стопирање за изградба на булеварот Хасан Приштина на патот кон Косово. како и клучката …

Continue Reading

Катастарот со нови услуги достапни во подрачната канцеларија лоцирана во Драчево

Агенцијата за катастар на недвижности воведува нови дополнителни услуги за граѓаните кои гравитираат населбата Драчево. Тие можат да ги добијат овие услуги во подрачната канцеларија на агенцијата лоцирана во оваа населба. Од вчера, во канцеларијата на Агенцијата за катастар на недвижности во Драчево, жителите на Драчево, Пинтија, Зелениково, Долно Лисиче, Студеничани и околните населени места можат да поднесуваат различни видови …

Continue Reading

Спортскиот центар „Бранители“ со нов лик

Општина Ѓорче Петров започна со поставување на 1450 метри квадратни нова тартан подлога на игралиштето „Бранители“, која ќе го подигне нивото на спортот и рекреацијата. „Започнуваме со замена на подлогата на фудбалскиот терен, кој сега ќе биде уште поудобен и безбеден за сите љубители на овој спорт“, истакна градоначалникот Александар Стојкоски. „Кошаркарското игралиште исто така ќе добие нова, висококвалитетна подлога, …

Continue Reading

Русија до луѓето во Курск: Не користете апликации за запознавање, тоа го користат Украинците

Министерството за внатрешни работи на Русија се обидува да ја спречи употребата на апликации за состаноци во регионите погодени од ненадејниот упад на Украина. „Користењето онлајн услуги за запознавање навистина не се препорачува. Непријателот активно ги користи за собирање информации“, им порача Министерството за внатрешни работи на граѓаните во регионот Курск, Белгород и Брјанск, пренесоа руските медиуми. Министерството, исто така, …

Continue Reading

(Видео) Наим Рамука, а не раководителот на смена е тој што одобрил незаконско поминување на граница, вели Кузеска

Под притисок на СДСМ, Панче Тошковски ги потврди сите објавени информации за скандалот со свадбената поворка на Африм Гаши и пропустите на граничниот премин Блаце. Вчера, СДСМ им даде рок од 24 часа на Тошковски и МВР да бидат чесни и да објават како дошло до овој скандал и кој е вистински одговорен за тоа, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, …

Continue Reading

Стефковски: Од денес акција за чистење на сите јавни површини во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека денес започна голема акција за чистење на јавните површини од страна на ЈКП Гази Баба. „Утрово од Автокоманда започна со реализација големата акција на ЈКП Гази Баба за чистење на јавните површини во општината. Во рамките на акцијата ќе се изврши метење на …

Continue Reading