Маск му одговори на Трамп: Подготвен сум да служам

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп му понуди на американскиот мултимилијардер работа во неговата администрација доколку победи на претседателските избори во ноември. Републиканскиот претседателски кандидат одговори потврдно на прашањето за време на интервјуто за Ројтерс дали е подготвен да го назначи Маск на советничка позиција или да му даде функција во кабинетот. „Тој е многу паметен човек. Сигурно би му ја …

Continue Reading

Уапсен скопјанец, при претрес полицијата пронашла дрога

Синоќа во 22.35 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(39) од Скопје. При претрес во неговиот дом и помошни простории на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана. Лицето било задржано …

Continue Reading

СЗО: Мајмунските сипаници не се нова корона, знаеме дека го контролираме нивното ширење

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, денеска изјави дека мајмунските сипаници, без разлика дали се работи за нов или стар вид, не е нов коронавирус, бидејќи знаеме како да го контролираме нивното ширење. „Можеме и мораме заедно да се справиме со мајмунските сипаници. Значи, дали ќе избереме да воспоставиме системи за контрола и елиминирање на мајмунските …

Continue Reading

Повеќе од 122.000 Руси избегаа од пограничните области поради инвазијата на Курск, објавија руските медиуми

Над 122.000 Руси ги напуштиле пограничните области поради инвазијата на Украина на Курск, јавуваат руските медиуми. Жителите во голем број ги напуштија своите домови по ненадејните напади на Киев на руска територија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека неговите сили досега зазеле 1.250 квадратни километри територија и 92 населби во Курск.

Continue Reading

Стојановски: Арсовска не може да си ја сработи работата, жал ни е што не ја прифати помошта, покажа само дека е измеќар на СДС

Денес ја видовме целата неспособност на градоначалничката и точната дијагноза зошто Скопје е во катастрофална состојба, истакна на прес-конференција Мартин Стојановски, советник во Советот на Град Скопје. „И од оваа ситуација Данела Арсовска најде причина да се скара, причина да одбие помош и причина да не сработи она што е нејзина надлежност и одговорност. Според неа сите се виновни само …

Continue Reading

Мастерклас и филмски проекции на 15 „МакеДокс“

Мастерклас со Инеке Смитс и Јероен Стаут со наслов „Звуци и слики од втора рака“ на 15-иот „МакеДокс“ се одржа на 18 август во „Лабораториум“. Филмската режисерка Инеке Смитс и уредникот на радиосодржини Јероен Стаут со присутните споделија како се запознале, зборуваа за својата заедничка љубов, соработка на филм и радио и за реупотребата на архивски звуци и слики. По …

Continue Reading

СДСМ: ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ се фатени живи, потврдуваат дека информациите за скандалот со Гаши се точни

Нервозните реакции и напади кон СДСМ од страна ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ, само потврдуваат дека се што објави СДСМ во однос на скандалот на Гаши со земањето невеста од Косово е точно, велат од оваа партија. „Наместо да се обидуваат да манипулираат и го пренасочуваат вниманието, треба да одговорат на прашњата кои ги постави СДСМ и за кои јавноста бара одговори. …

Continue Reading

Масовен убиец побегнал од затвор во Најроби: сфатиле дека го нема кога му однеле храна

Кениецот Колинс Халуша, кој призна дека убил 42 жени, денеска побегнал од притворската ќелија во Најроби заедно со уште 13 лица, соопшти локалната полиција. Полицијата денеска соопшти дека одговорниот службеник и управителот на мензата во полициската станица Џиџири сфатиле дека осомничените исчезнале кога отишле да им донесат појадок во 5 часот по локално време, пренесува Гардијан. Според полициските информации, Халуса …

Continue Reading

Тошковски: Патувањето на Гаши во Косово било најавено, не е целосно запазена процедурата на евидентирање на сите лица и патници кои поминуваат на граничниот премин

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, се огласи на социјалните мрежи, во врска со патувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши во Косово. „Министерството за внатрешни работи во последните три дена изврши интензивни проверки кои вклучуваат преглед на камерите на граничниот премин Блаце, увид во евиденција на системот за контрола на патници и возила и евиденција во книгите на настани …

Continue Reading