Курти за три години потрошил 30 милиони евра на бензин за службени автомобили

Косовскиот премиер Албин Курти за три години потрошил 30 милиони евра на нафтени деривати за „службени возила“, објави денеска приштинскиот портал Фронт онлајн. Порталот, повикувајќи се на податоците на Министерството за финансии на привремените институции, потсетува дека Курти додека беше во опозиција бил против високите трошоци за службените автомобили. Се наведува дека во 2021 година привремените институции потрошиле 7,62 милиони …

Continue Reading

18 лица се повредени при гаснење на пожар по напад со украински дрон, соопшти Русија

Најмалку 18 лица се повредени при гаснење на пожар во индустриски магацин во Ростовската област, што се случи по напад на украински беспилотни летала ноќта меѓу 17 и 18 август. Пет лица се во тешка состојба и чекаат да бидат префрлени со хеликоптер во итна хоспитализација, додека 13 пациенти добиле итна помош и се во стабилна состојба, соопшти управата на …

Continue Reading

(Видео) Мбапе му подари дрес на Надал

Рафаел Надал побарал од новиот играч на Реал Мадрид, Килијан Мбапе да му подари дрес по мечот со Мајорка. Поранешниот тенисер број еден во светот, Надал, во друштво на „тазе“ пензионерот, кошаркарот Руди Фернандез, го проследи мечот меѓу Мајорка и Реал Мадрид, кој изненадувачки заврши 1:1. По натпреварот Надал, кој е поранешен косопственик Мајорка, го чекал Мбапе од кого побарал …

Continue Reading

Русија се пожали на германската истрага за нападот на Северен тек

Русија се пожали на германската истрага за експлозиите што ги уништија гасоводите „Северен тек“ во 2022 година, јавува денеска руската новинска агенција РИА. Германските медиуми минатата недела објавија дека истражителите идентификувале украински нуркачки инструктор како главен осомничен за саботажата и издале налог за негово апсење во Полска. Варшава објави дека го добила налогот за апсење, но дека осомничениот ја напуштил …

Continue Reading

Поднесена кривична пријава за инспектор поради кражба на струја

Полицијата до струшкото обвинителство поднесе кривична пријава против В.Р. – инспектор за прекуграничен криминал и миграции Струга во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Регионалниот центар за гранични работи Запад, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. „На 11 јуни, вработени во ЕВН Струга констатирале дека …

Continue Reading

Перински: Новата Противпожарна станица за Врапчиште и Боговиње ќе гарантира безбедност на месното население

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ја посети Општина Врапчиште и новоизградениот објект наменет за Територијалната противпожарна станица за општините Врапчиште и Боговиње, како дел од проектот за „Прекугранична заштита од пожари – Fireshield“, финансиран од ЕУ програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, чии носители се двете македонски општини, албанската Општина Черик и НВО Каритас југ од …

Continue Reading

Италијанскиот прифатен центар за мигранти во Албанија од утре почнува со работа

Прифатниот центар за мигранти кои преку Средоземното Море се обидуваат да стигнат до Италија и другите земји од Западна Европа во градот Шенѓин на брегот на Јадранското Море од утре ќе почне со работа, но се’ уште не се знае кога ќе бидат првите мигранти пренесени од Италија во Албанија, објави денеска албанскиот „Политико“. Според договорот потпишан на почетокот на …

Continue Reading

Минатата недела санкционирани 109 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 12.08. до 19.08.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 109 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред …

Continue Reading

„Мицкоски повторно слеп за самоволието на Гаши, МВР да ги покаже налозите“, бара СДСМ

„Скандалите на Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН не запираат и секој следен е поскандалозен од претходниот. Најновото своеволие на претседателот на Собранието, Африм Гаши, потврдува дека не само што немаат намера да престанат со прекршување на правилата, туку тоа ќе го прават без да се грижат што мисли јавноста и граѓаните“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „По објавите на медиумите, …

Continue Reading