Милнер влезе во историјата на Премиер лигата
Брајтон со победата против Евертон ја почна новата сезона во Премиер лигата, а фудбалерот Џејмс Милнер влезе во историјата на англискиот фудбал. Триесет и осумгодишниот фудбалер ја почна својата 23-та сезона во Премиер лигата и стана рекордер на, според многумина, најголемото домашно натпреварување на планетата. Милнер дебитираше во Премиер лигата во 2002 година во Лидс Јунајтед, а потоа играше за …
Continue Reading
Хамас го отфрли најновиот план за примирје: „Тоа е американски диктат“
Палестинското движење Хамас го отфрли новиот нацрт-договор за прекин на огнот во Појасот Газа, велејќи дека е постигнат под американски диктат. По повеќе од десет месеци војна, во четвртокот и петокот во Доха беа одржани разговори за прекин на огнот во Газа меѓу Израел и посредниците – САД, Катар и Египет, на крајот на кој беше претставен ревидиран предлог договор, …
Continue Reading
Зеленски: Ги зацврстивме нашите позиции во Курск, jа прошируваме територијата
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговите војници ги зајакнале позициите и ја прошириле територијата под нивна контрола во руската област Курск речиси две недели по почетокот на офанзивата. Украина тврди дека освоила повеќе од 80 населби на повеќе од 1.150 квадратни километри во областа Курск од 6 август, кога ја започна својата офанзива. Зеленски рече дека врховниот командант на …
Continue Reading
Јетон Бучи од ДУИ е назначен од Арсовска за нов директор на „Паркови и зеленило“
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска пред неколку дена го назначила Јетон Бучи од Демократската унија за интеграција (ДУИ) за нов директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Информацијата е објавена на „Фејбсук“ профилот на опозициската партија. За директор на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ е именуван Јетон Бучи, пишува на објавата на Фејсбук. Претходниот директор на Јавното претпријатие, Мартин …
Continue Reading
Пожарот на Галичица е делумно под контрола – го гаснат над 120 лица, има и најави за дожд
Пожарот во Националниот парк Галичица е делумно ставен под контрола. Директорот на центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информираше дека на терен десјтвуваат повеќе од 120 лица, почнувајќи од ренџери во Националниот парк Галичица, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и доброволци. Пожарот се гасне и од небо, со два хеликоптери – армиски и полициски, како …
Continue Reading
Катастрофа на почетокот на сезоната
Играчот на Нотингем Форест, Данило се повреди уште на самиот старт на натпреварот. Бразилскиот фудбалер Данило се повреди на стартот од сезоната на натпреварот помеѓу Нотингем Форест и Бурнемаут. Во судирот на средината на теренот меѓу Семењо и Данило, се чинеше дека тој помина полошо и остана да лежи на теренот. Буквално му пукна ногата, набрзо дојдоа медицинскиот персонал како …
Continue Reading
Натепани сопруги, татко ја нападнал ќерката, мајка удрила по синот – пет случаи на семејно насилство забележа МВР
Маж ја нападнал сопругата, татко својата ќерка, а мајка удрила по синот. Во полицискиот дневен билтен регистрирани се пет случаи на семејно насилство. Вчера во 12.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода С.С.(61) од пробиштипско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 34-годишна ќерка дека физички ја нападнал во семејниот дом. Истовремено, 44 – годишен маж …
Continue Reading
Трипуновски: Откупните цени за грозјето кои што ги истакна Министерството мора да се почитуваат
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска беше во посета на откупен пункт на грозје во Сопот за да се увери во текот на почетокот на бербата на грозјето. Тој беше информиран од страна на сопственикот на откупниот пункт на грозје и од земјоделците дека тоа што се откупува оди за извоз. „Цените се од 8 до 10 …
Continue Reading
Жена најдена почината во домот во Битола
Шеесет и двегодишна битолчанка била најдена почината во нејзиниот дом. „На 16 август во осум часот во СВР Битола било пријавено дека во сопствениот дом во Битола била пронајдена почината Љ.Г.(62) од Битола. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција“, објави МВР …
Continue Reading