Маж од Велес пријавил измама со огревни дрва

Седумдесет и шестгодишен велешанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.000 денари. Според пријавеното, лицето дошло во неговиот двор и му понудило да му продаде шест кубни метри огревно дрво по цена од 3.000 денари за кубен метар. Како што е пријавено, откако му ги дал парите лицето му кажало дека ќе оди да ги товари …

Continue Reading

Четири лица илегално ја преминале границата, затекнати на Шар Планина додека береле шумски плодови

Приведени се четири лица од Албанија кои илегално ја преминале државната граница. Тие биле затекнати како собираат шумски плодови без соодветна дозвола што ја издава Национален парк „Шар Планина“, а во нивното возило „нисан навара“ со албански национални ознаки биле пронајдени шумски плодови, информираа од МВР во дневниот билтен. Пронајдените плодови биле предадени на националниот парк, а лицата биле предадени на …

Continue Reading

Средба на министерот Мисајловски со командантот на националната гарда на Вермонт, Грегори Најт

Во пресрет на одбележувањето на Денот на македонската Армијата, денеска министерот за одбрана оствари средба со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајот Грегори Најт кој е во посета на нашата земја. За време на денешната средба се разговараше за досегашното партнерство и соработка помеѓу македонската Армија и Националната гарда на Вермонт која трае повеќе од 30 години и …

Continue Reading

На Клиниката за дигестивна хирургија пуштена во употреба современа медицинска апаратура во вредност од милион евра

Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, денеска ја посетија министерот за здравство, д-р Арбен Таравари и заменикот министер за здравство, Јовица Андовски по повод пуштање во употреба нова медицинска и немедицинска опрема во хируршките сали, како и на одделот за полуинтензивна нега на оваа клиника. На настанот присуствуваше и претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски. „Осовременување на хируршките сали со …

Continue Reading

Поднесено обвинение против татко и два сина, за намерното предизвикување пожар кај Патишка Река

Откако спроведе претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против три лица – татко и неговите два сина, кои се товарат дека заедно сториле кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. За сите тројца е доставен и предлог за продолжување на претходно …

Continue Reading

„Време е за училиште“ – подароци и попусти до 50 отсто во „Литература.мк“

Во пресрет на новата учебна година, за посреќен и поуспешен почеток на сите ученици, „Литература.мк“ подготви специјална понуда со попусти до 50 отсто, како и подароци за купени производи од големиот избор на школски материјали. Продажната акција „Време е за училиште“ ќе трае од 16 август до 14 септември 2024 година во сите книжарници на „Литература.мк“ (на ул. „Македонија“, во …

Continue Reading

Шаќири се врати во Базел

Поранешниот швајцарски репрезентативец Џердан Шаќири се врати во Базел откако го раскина договорот со Чикаго Фајр. Тој потпиша тригодишен договор со клубот каде што го имаше своето професионално деби во 2009 година. Овој 32-годишен фудбалер играше неполни три години во МЛС шампионатот, настапи на 69 натпревари и постигна 14 голови. Освен за Базел, Шаќири во Европа настапуваше и за Баерн …

Continue Reading

Северина во Крива Паланка за празникот на градот, Калиопи на „Џој Фест“

Балканската мега популарна пејачка Северина ќе одржи концерт во Крива Паланка, на 28 август за празникот на градот, а главна ѕвезда на музичкиот фестивал „Џој Фест“ ќе биде Калиопи која ќе настапи на 24 август, беше најавено на денешната прес конференција во Општина Крива Паланка по повод богатата фестивалска програма за патрониот празник „Свети Јоаким Осоговски“ и манифестацијата „Крива Паланка …

Continue Reading

Николоски: Обезбедивме плати за Пошта и за Железници

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека се обезбедени средства за плати за Македонски пошти и двете железнички пртетријатија. „Работите се менуваат – во време на СДСМ и ДУИ немаше плата, сега има! Денес плата ќе добијат вработените во Македонски Пошти, а вчера добија во Македонски Железници Инфраструктура. Од понеделник ќе …

Continue Reading