Се зголемува цената на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,47 отсто во однос на одлуката од 12 август. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,676%, кај …

Continue Reading

(Видео) Изгоре и потона јахта на турски претприемач вредна околу 16 милиони евра

47-метарската суперјахта Атина се запали во саботата пред плажата во близина на градот Олбија на Сардинија. Во моментот на пожарот на бродот имало 16 лица, кои биле успешно евакуирани, пишува „Форбс“. Видео од „Инстаграм“ на крајбрежната стража покажува како поголемиот дел од јахтата завршила под морето, а порталот „Тудеј.ит“ пренесува дека потонала на длабочина од седум метри. Во нејзиниот резервоар …

Continue Reading

Трипуновски: Ние со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за исплата на заостанати субвенции, кои што претходната власт не ги исплати

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска од Свети Николе му порача на Љупчо Николовски реално да гледа на бројките во ребалансот на буџетот. „Ние со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за исплата на заостанати субвенции, оние субвенции кои што тие како тогашна власт требаше да ги исплатат на земјоделците“, истакна министерот. Трипуновски додаде дека да работеше претходната власт …

Continue Reading

Националниот џез оркестар и голем број солисти ќе настапат на Карпошовото културно лето

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на денешната прес-конференција го најави почетокот на Карпошовото културно лето, кое годинава ќе се одржи традиционално по 15-ти пат. – Оваа културно-уметничка манифестација, ќе трае од 19-ти до 27-ми август. За оваа намена, Општината издвои средства во висина од 2.500.000 денари. На овогодинешното Карпошово културно лето, кое започнува в понеделник, ќе настапат национален џез …

Continue Reading

Мицкоски: Со менаџментот на „ЛИДЛ“ маркети разговарав за условите за инвестирање, секој кој сака да вложи може тука да го стори тоа

„Видете, компанијата е тука присутна веќе повеќе години. Од тоа што ни беше презентирано, повеќе од стотина милиони евра веќе се инвестирани и наша цел е од процентот којшто ни беше претставен дека ќе бидат застапени македонски производи на рафтовите на компанијата, тој процент да дојде многу скоро до 50 проценти, сега не би зборувал кој е тој процент, но …

Continue Reading

Мицкоски: Укинувањето на Балансерот не е иницијатива на политичка партија, туку доаѓа од ЕУ

Нашиот став, не е став на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, кога ќе го отворите скрининг извештајот ќе видите дека тоа е став на Европската Унија, вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ се откажа во Собранието од Балансерот. Мицкоски потенцираше дека Балансерот изминатиот период бил злоупотребуван посебно во декларирањето во етничката припадност на граѓаните. …

Continue Reading

Трипуновски: Склучени 967 договори со површина од 2.700 ха

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во општина Свети Николе додели 84 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 250 ха. Со овој настан се означија успешно завршени 4 (четири) Јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo 3 хектари. По овие повици …

Continue Reading

Пецаков: Пожарот на Галичица од македонска страна е под контрола, се надевам дека денеска ќе биде локализиран

Се огласи градоначалникот на Охрид за пожарот на Галичица. – Пожарот на планината Галичица од македонска страна е под контрола и нема опасност по населените места и населението кое гравитира на овој потег, ова се последните информации од екипите кои се на терен, информираше Кирил Пецаков. – Во моментот во гаснењето на пожарот од земја се вклучени околу 120 лица, …

Continue Reading

Продолжува акцијата за собирање кабаст отпад во скопските општини

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со акцијата за собирање кабаст отпад во сите скопски општини. Веќе се реализирани активностите во општината Ѓорче Петров, каде што беа подигнати и транспортирани околу 130 кубни метри кабаст отпад, како и во општината Карпош, каде што граѓаните одложиле вкупно 170 кубни метри стар мебел и покуќнина. Во моментов акцијата се реализира во скопската општина Центар, …

Continue Reading