15-годишно момче загина од удар на гром во Германија

15-годишно момче загина од удар на гром во градот Велхајм во сојузната покраина Баден-Виртемберг. Германската полиција соопшти дека 15-годишникот и уште едно младо лице за време на синоќешното невреме стоеле на ридот под дрво, пишува Шпигел. Уште едно лице е пренесено во болница со тешки телесни повреди. Вчера силно невреме погоди делови од Германија, вклучувајќи го и Баден-Виртемберг. Полицијата се …

Continue Reading

(Видео) Истрагата за авионската несреќа во Бразил продолжува: „Копилотот го праша пилотот што се случува“

На снимката од црната кутија од авионот што се урна во Бразил, при што загинаа 62 лица, се гледа како копилотот вели дека на авионот му треба „повеќе сила“. Авионот патувал од Каскавел до Сао Паоло кога се урнал на околу 80 километри од дестинацијата. Сите луѓе во авионот загинаа, а на земјата каде што се урна леталото никој не …

Continue Reading

(Видео) Украинци: Ја фативме досега најголемата група Руси

Украинските специјални сили заробија група од повеќе од 100 руски војници за време на прекуграничен упад во западниот руски регион Курск, изјави денеска шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ) Васил Малиук. „Извршивме софистицирана операција и како резултат на тоа беа заробени 102 Руси. Веќе размислуваме како најдобро да ја искористиме оваа ситуација – да ги вратиме нашите ветерани …

Continue Reading

Ројс се пресели во ЛА Галакси

Марко Ројс (35) по 12 години ја напушти Борусија Дортмунд, а денеска потпиша за ЛА Галакси од САД. Легендарниот германски офанзивец потпиша двегодишен договор. Ројс пристигна во Борусија во 2012 година од Борусија Менхенгладбах, а се уште играше за Рот Вајс Ален. Неговата кариера ја одбележаа бројни повреди. За Дортмунд има одиграно 425 натпревари и постигнато 169 голови. Освои два …

Continue Reading

Нови пожари од попладнево: гори на Галичица, кај Берово, кај Крива Паланка и кај Кичево

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека попладнево започнале нови шумски пожари. – Ресен и Охрид: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа, попладнево дејствуваа ( 1Х –МВР на ресенска страна) (3 ЕТ –ДЗС и Германија на охридска страна) (120 …

Continue Reading

Папата Франциско: Мислам на измачената Украина, Израел и Палестина

Папата Франциско на католичкиот празник Успение на Богородица рече дека Марија тргнала по истиот пат што го следат сите луѓе по неа, што треба да ги потсети луѓето дека и нивниот живот е пат кој завршува со финална средба. Папата рече дека мисли и на оние кои страдаат во делови од светот погодени од војни. „На Марија, кралицата на мирот, …

Continue Reading

Русите нападнаа со наведувани бомби, двајца загинати и 12 повредени

Најмалку две лица загинаа, а 12 се повредени во бомбашки напади предводени од Русија, соопштија украинските власти. Погодена е цивилна област во Купјанск во областа Харков во североисточна Украина, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов. Тој додаде дека во нападот бил погоден и магацин, при што биле повредени шестмина вработени. Уште шест лица, меѓу кои и 12-годишно дете, се ранети во …

Continue Reading

Хамас одби да учествува во преговорите за прекин на огнот во Газа

Нова рунда преговори за прекин на огнот во Газа се одржа попладнево во катарската престолнина Доха, соопштија официјални лица, додека шефот на израелското разузнавање им се придружи на неговите колеги од САД и Египет и катарскиот премиер на состанок зад затворени врати. Разговорите започнаа кога здравствените власти во Газа одделно известија дека бројот на убиени Палестинци во енклавата надмина 40.000, …

Continue Reading

Хеликоптер на МВР фрли 130 тони вода врз пожарите кај Јасен, Дупјани-кичевско и Галичица

Денеска хеликоптерот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици, дејствуваше врз три пожари и тоа во реонот на Јасен, Дупјани-Кичевско и Галичица, извести МВР. Во текот на денот во 52 налети се исфрлени 130 тони вода, додаваат од МВР.

Continue Reading