(Видео) ЦУК: Во драматична комбинирана акција на Галичицa, спасена туристка од Чешка
Во драматична комбинирана акција и од воздух и од земја, денеска, е спасена 68-годишна жена – турист од Чешка, со опасна скршеница на ногата на Галичица, на околу 2 000 метри надморска височина, од спасителите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, а со интервентен хеликоптерски превоз на МВР, прво на спасителите, а потоа, по давањето на прва помош, …
Continue Reading
Три лица од Турција нападнати кај кањонот Матка
Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје, 31-годишниот Е.С. од Република Турција пријавил дека околу 16.50 часот на кањон Матка, на подрачјето на општина Сарај, по претходна расправија, тој и Ј.М.(31) и А.К.(31), сите од Република Турција, биле физички нападнати од неколку лица, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Кривична против скопјанец, со остар предмет оштетил стакла во експозитура на банка
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 49-годишниот М.Д. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, извести МВР. „На 03.04.2024 во експозитура на банка во Скопје, пријавениот со остар предмет оштетил стакла од експозитурата“, соопшти МВР.
Continue Reading
Кривична против маж од Прилепско, запалил сува трева во својот двор, пожарот се проширил на соседните парцели
ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 54-годишниот К.Г. од село Штавица, прилепско, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, извести МВР. „Имено, пријавениот на 05.08.2024 околу 09.00 часот запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. …
Continue Reading
Семејно насилство во Гази Баба: жена го истепала сопругот со тврд предмет
Вчера во 01.30 часот во СВР Скопје, 29-годишен маж од Скопје пријавил дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 28–годишна сопруга од Скопје, која употребила и тврд предмет, извести МВР. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Претседателката Сиљановска Давкова ги прими македонските претставници на 56. Меѓународна олимпијада по хемија
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Вила Билјана во Охрид ги прими македонските претставници на 56. Меѓународна олимпијада по хемија, што од 21 до 30 јули се одржа во Саудиска Арабија и на која освоија еден сребрен и еден бронзен медал. Во конкуренција на 327 ученици од 84 држави од целиот свет, Петар Мирчевски, ученик во III година во гимназијата …
Continue Reading
Уапсен скопјанец, вознемирувал две малолетнички во Карпош
Вчера во 23.45 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 33-годишниот Д.К. од Скопје поради сомнение дека околу 22.50 часот на подрачје на Карпош вознемирувал две малолетнички од Скопје, извести МВР. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Трипуновски на средба со одгледувачите на сливи
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците и одгледувачите на сливи од Делчевскиот регион. На средбата се говореше за годишниот род и квалитет на сливите, како и за актуелните теми и проблеми со кои што се соочуваат. „Министерството е партнер на одгледувачите на сливи. Се работи земјоделецот да не биде веќе социјална категорија, го …
Continue Reading
Трипуновски: Состојбата со „Водостопанството“ ќе се подобри, приоритет се задоволни вработени и земјоделци, вода мора да има за сите
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска одржа средба со Филип Филиповски, нов главен извршен директор на АД Водостопанство и со Ромео Тренов, директор на Управата за Водостопанство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во текот на средбата се зборуваше за актуелната состојба во АД Водостопанство. Двајцата директори се сложија дека состојбата во која што се наоѓа …
Continue Reading