Уапсен Германец во Охрид, по пливање во езерото се упатил кон објект сопственост на државен орган

Вчера во 13.00 часот во туристичкиот комплекс „Инекс“ во Охрид, полициски службеници го приведоа 22-годишниот Р.С. од Сојузна Република Германија, извести СВР Охрид. „Тој, пливајќи покрај брегот на езерото, излегол од водата и неовластено се упатил кон објект сопственост на државен орган“, соопшти СВР Охрид. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Средба Муцунски – МАТТО: Потврдена одличната соработка помеѓу Македонија и Турција во делот на бизнисот и економијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија денеска оствари средба со претставници на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО), односно со претседателот на комората Aјдован Адемоски, заменик претседателот Марија Томеска и заменик претседателот, Есер Џевахир. Како што известуваат од Министерството, на средбата била потврдена одличната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција во делот на бизнисот и економијата …

Continue Reading

Србите го извлекоа првиот нацистички брод од дното на Дунав

Првиот брод од потопената германска речна флота од Втората светска војна е извлечен од дното на Дунав кај Прахово, објави српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ и најави дека овие операции ќе продолжат и во наредните месеци. Весиќ рече дека германските сили ги потопиле нивните речни флоти на Дунав и Црно Море во 1944 година со цел …

Continue Reading

Тројца кичевчани побарале лекарска помош кога вдишиле чад од запалената депонија

Лекарска помош побарале три лица од Кичево кои вдишиле чад од пожарот на депонијата во близина на „Комуналец“. Нивната здравствена состојба се влошила, објави МВР во дневниот билтем. Станува збор за лица од 26 до 37 годишна возраст кои, според информациите од полицијата, вчера по вдишувањето на чадот се упатиле кон приватна здравствена установа во градот. МВР презема мерки за расчистување …

Continue Reading

Спогодбено се разделија Струга и Бесарт Ибраими

Актуелниот шампион Струга ТЛ во одбрана на титулата ќе тргне без најдобриот стрелец. Бесарт Ибраими на неколку дена пред почетокот на новата сезона спогодбено го раскина договорот со клубот. Како што стојат работите Ибраими ќе се врати во Шкендија, каде што и веројатно ќе ја заврши кариерата. Бесарт Ибраими покрај во Струга и Шкендија, во Македонија има настапувано за Ренова, …

Continue Reading

Донација за СВР Скопје од Канцеларијата на ОН за борба против трговијата со дрога и криминал

Денеска во просториите на Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, присуствуваше на доделувањето на донација од страна на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против трговијата со дрога и криминал (УНДОЦ) за потребите на организационите единици од областа на недозволената трговија со дрога при овој Сектор за …

Continue Reading

ЗОО Скопје: Ниту еден третман, ниту операција не можеше да ја спаси слоницата, беше донесена одлука за евтаназија

Зоолошката градина Скопје преку социјалните мрежи информираше дека во текот на вчерашниот ден, азиската слоница Дуња по насока на сопствениците кои ја позајмиле на скопската зоолошка, „Pairi Daiza” од Белгија, со тимот експерти (ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови) кои изминатите денови ја прегледуваа слоницата, била донесена одлука за евтаназија на слоницата. „Ниту еден третман ниту …

Continue Reading

Трошоците на живот зголемени за 3 отсто во однос на лани, а цените на мало за 3,9 проценти

Индексот на трошоците на животот во јули 2024 година, во однос на истиот месец лани, бележи зголемување од 3 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 отсто. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2024 година, во однос на минатиот месец изнесува 0,7 отсто, објави Државниот завод за статистика. Зголемувањето на инфлацијата во …

Continue Reading

Националната федерација на фармери за престојниот откуп за винско грозје: Лозарите се во подобра позиција

Став на Националната федерација на фармери за престојниот откуп за винско грозје Националната федерација на фармери во изминативе две години активно лобираше за донесување на измени во Законот за вино. Нашите препораки беа делумно прифатени, што резултираше со усвојување на нашата заложба за пресметка на производната цена на винските сорти „Смедервка“ и „Вранец“ од страна на научна институција. Со ова, …

Continue Reading