Надал: За мене заврши еден циклус, допрва ќе одлучам што ќе правам понатаму
Што и да одлучи Рафаел Надал за својата кариерата, едно е сигурно, повеќе нема да го гледаме Олимписките игри. Тоа го истакна веднаш по елиминацијата во двојки, последно натпреварување во кое беше во Париз. „За мене заврши еден циклус, сега треба да седнам да анализирам како се чувствувам и да одлучам што понатаму“, изјави Шпанецот кој по убедливиот пораз од …
Continue Reading
Кој ги исклучил склопките на коморите за чување реагенси во ИЈЗ: Обвинителството отвори предмет
По информациите во јавноста дека на Институтот за јавно здравје вчера било намерно исклучено напојувањето со електрична енергија на коморите во кои се чуваат реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести, Јавното обвинителство информира дека итно оформило предмет по допрен глас за да испита дали во конкретниот случај има обележја на кривично дело. „Поради сериозноста на можните штетни последици …
Continue Reading
Козарската чума продолжува да се шири во Грција, владата воведе мерки за борба против болеста
Козарската чума, позната и како Peste des Petits Ruminants (PPR), продолжува да се шири во Грција откако минатиот месец беше откриен првиот случај, а владата воведе привремена забрана за движење или колење на овци и кози. Чумата зафати 22 фарми, главно во централна Грција, 12.000 животни беа еутанизирани, а повеќе од 30.000 беа тестирани, пренесува Ројтерс. Вирусот не ги инфицира …
Continue Reading
Комунална хигиена најави акција за миење на контејнерите за ѓубре низ Скопје
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ најави дека дека започнува акција за миење на контејнерите за отпад и локациите каде тие се поставени. Оваа акција ќе опфати детално чистење на контејнерите, како и на околното подрачје, со цел да се задржи високо ниво на хигиена и да се подобри изгледот на јавните површини. Покрај тоа, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ вршат и …
Continue Reading
Средба на министерот Муртезани со унгарскиот амбасадор Клeин: унгарското претседавање ќе донесе напредок во пристапните преговори на Северна Македонија
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, имаше средба со амбасадорот на Унгарија во Северна Македонија, Андраш Клеин, на која се дискутираше за јакнењето на билатералните односи и напредокот на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Муртезани упати честитки за преземањето на претседателството на Унгарија со Советот на ЕУ и изрази надеж дека унгарското претседавање ќе донесе напредок …
Continue Reading
Тешко повредена жена во сообраќајка кај село Слатино
Синоќа во 22.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце кај с.Слатино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(23) од Тетово и патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од с.Слатино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од првото возило К.З., …
Continue Reading
Пронајдени кутии со брендирани обувки во товарно возило кај Побожје, во возилото бил пронајден и пиштол
Вчера околу 22.20 часот на локален пат во с. Побожје кон место викано Рамно, од страна на мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запрено е товарно моторно возило “мерцедес спринтер” со скопски регистарски ознаки. При извршен преглед на возилото, пронајдени се 110 пакети во кои имало 1.320 кутии со обувки-патики, различна величина и натписи …
Continue Reading
Седумина повредени, меѓу нив и тројца малолетници при судир на ,,мерцедес“ и ,,џип“
Утрово во 00.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат с.Неготино-Гостивар, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,мерцедес“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од С.Ш.(51) од Неготино, и патничко возило ,,џип“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од Н.Д.(46) од гостиварско Горјане. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле патниците од возилото „џип“ С.Н.(25) и С.Н.(40) …
Continue Reading
Вработен во Институтот за јавно здравје ги исклучил коморите со реагенси
Вчера околу 17 часот во СВР Скопје од Институт за јавно здравје било пријавено дека во временскиот период од 14.30 до 16.00 часот од страна на вработен биле исклучени сите склопки на коморите каде се чувале реагенси за испитување на заразни и незаразни болести, соопшти МВР. „Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и се …
Continue Reading