Се истепале татко и син во Светиниколско

Вчера во 09.50 часот во Полициската станица Свети Николе 20-годишник пријавил дека во светиниколско село, по претходна расправија, бил нападнат со остар предмет од неговиот 54 – годишен татко. Во врска со случајот, во 10.20 часот, 54-годишно лице пријавило дека по вербална расправија неговиот 20-годишен син го нападнал со тврд предмет, нанесувајќи му тешка телесна повреда, констатирана во Клиничката болница …

Continue Reading

(Видео) Возачот на автобусот во Бутел забележал дефект, па ги симнал патниците

Денеска околу 12 часот во СВР Скопје З.М., вработен во ЈСП, пријавил дека додека управувал автобус од Транспортен центар кон с. Бањани, на ул. Христијан Тодоровски Карпош во Скопје забележал дека автобусот има дефект. Возачот застанал и ги симнал патниците, по што настанал пожар во автобусот, информира МВР. Досега, според надлежните, нема пријава за повредени лица. Претходно денеска беше објавено …

Continue Reading

(Видео) По два часа се чека на Богородица за влез во земјата, МВР уверува дека во функција се ставени сите човечки и технички капацитети

На речиси педесет степени огромни колони возила на Богородица чекаат за влез во земјата. Метежот е на нашата граница. „Грчката страна се минува за кусо време, но нашата граница не можеме ни да ја видиме. Веќе изминува втор час како чекаме за влез кај нас и што сѐ не видовме. Се пропуштаат возила, трчаат цариници и полицајци им креваат рампи, а …

Continue Reading

Ѓоковиќ го победи Надал на ОИ во Париз

Новак Ѓоковиќ го диби дуелот со Рафаел Надал и се пласира во третото коло на олимпискиот турнир во Париз. Првиот носител славеше во два сета (6:1, 6:4) по еден час и 44 минути игра. Ѓоковиќ и Надал го одиграа 60.меѓусебен дуел, во понеделникот Србинот ја забележа 31.победа. Ѓокович трета пат во кариерата го победи Надал на неговиот омилен терен, на …

Continue Reading

Мицкоски: Штипската клиничка болница мора да го продолжи процесот на изградба и очекувам преку транспарентна јавна набавка овој процес да биде завршен многу скоро

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање изјави дека Штипската клиничка болница, мора час поскоро да го продолжи процесот на изградба. „И така го почнавме мандатот како Влада, заедно со Министерот за здравство, бевме тука во Штип и кажавме дека Штипската клиничка болница мора час поскоро да го продолжи процесот на изградба“, вели …

Continue Reading

Ковачевски: Амандманот на СДСМ е да продолжи зголемувањето на платите и правата од колективните договори

Сите права кои ги имаа работниците од колективните договори досега сме ги испочитувале во изминатиот период, а по 15 години за првпат беше потпишан колективен договор кој обезбедува права на работниците за зголемување на платите. Затоа и треба да продолжи трендот на зголемување на платите и колекативните договори, рече пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешната расправа на комисијата за …

Continue Reading

СДСМ: Уште еден запален автобус на ЈСП, ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје

„Денеска повторно се запалил авотобус. Пред само една недела гореше двокатен автобус на ЈСП. ЈСП буквално се распаѓа. Запалени автобуси, несреќи, неисправни автобуси, гужви среде лето поради недоволен број“, велат од СДСМ. „Граѓаните на Скопје буквално мака мачат со градскиот превоз и со бројните проблеми кои ја загрозуваат дури и нивната безбедност. ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемие …

Continue Reading

Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за поголеми плати на работниците

СДСМ денес поднесе амандман за поголеми плати на работниците, зголемување на минималната плата, за колективните договори, како и зголемување на плати во јавниот сектор. Со ова треба да продолжи трендот на зголемување на платите, во согласност со претходните системски решенија кои ги постигна претходната Влада, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска на денешната расправа на комисијата за носење на буџет. …

Continue Reading

Сите Македонци ќе ги искинат бугарските пасоши на првиот ден кога ќе бидеме дел од ЕУ, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прашањето дали ќе побара сите македонски државјани кои имаат бугарски пасоши да се откажат од нив, рече дека тој не може да се меша во индивидуалните одлуки на граѓаните. „Јас не можам да се мешам во одлуката на граѓанин да земе или не бугарски пасош. Јас имам информација дека од сите етнички заедници имаат земено …

Continue Reading