УЕФА покрена дисциплинска постапка против Мората и Родри

УЕФА покрена дисциплинска постапка и истрага против шпанските репрезентативци Алваро Мората и Родри. Мората, капитенот на шпанската репрезентација која ја освои титулата на ЕП и Родри, најдобриот играч на првенството се обвинети за недолично однесување во Мадрид, на прославата на шампионската титула. Во занес и славење, шпанското дуо пееше „Гибралтар е шпански“, поради што Фудбалскиот сојуз на Гибралтар поднесе официјална …

Continue Reading

Скопско Љубанци денеска без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради уличен дефект од ф 110мм на ул 7 Љубанци бб – кај селската чешма, без вода ќе останат корисниците на дел од населеното место Љубанци. Водоснабдувањето е прекинато од 06:40 до завршување на интервенцијата.    

Continue Reading

Муцунски во прва работна посета на Австрија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, ќе престојува во прва работна посета на Австрија. Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари билатерална средба со сојузниот министер за европски и надворешни работи, Александар Шаленберг, на која ќе бидат разгледани можностите за унапредување на билатералните односи, со посебен фокус на економската соработка и бизнис релациите. Воедно, ќе стане збор и …

Continue Reading

Апликацијата Телеграм има 950 милиони корисници, наскоро планира да достигне една милијарда

Апликацијата за пораки Телеграм има 950 милиони месечни корисници и наскоро планира да достигне една милијарда, објави основачот и извршен директор на оваа платформа, Павел Дуров. Тој минатата недела објави дека компанијата ќе лансира продавница за апликации овој месец. „Оваа година ќе влезе во историјата како година кога стотици милиони луѓе ја запознаа блокчејн технологијата. Горди сме што Телеграм е …

Continue Reading

Ајкулите во близина на брегот на Бразил биле позитивни на кокаин

Ајкулите во близина на брегот на Бразил биле позитивни на кокаин, а научниците стравуваат дека тоа ќе го промени нивното однесување. Морските биолози тестирале 13 ајкули земени од крајбрежните води во близина на Рио де Жанеиро и откриле дека сите тие имаат високо ниво на кокаин во мускулите и црниот дроб, пишува британски Телеграф. Откриени се концентрации на кокаин до …

Continue Reading

(Видео) Хеви-метал легендите го претставија новиот дрес на Астон Вила

Астон Вила го претстави домашниот дрес за новата сезона со помош на иконите на жестокиот звук Ози Озборн и Гизер Батлер, членови на легендарните пионери на хеви метал бендот „Блек Сабат“. Новиот дрес на клубот, кој годинава слави 150 години, го означува и почетокот на соработката со новиот спонзор. Новиот дрес на тимот предводен од Унаи Емери ги задржа традиционалните …

Continue Reading

Ден на жалост во Дарувар: на убиецот му се заканува максимална казна затвор од 50 години

Шест лица загинаа во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар. На убиецот од Дарувар му се заканува максимална казна затвор од 50 години. Државното правобранителство побара истражен затвор за 51-годишниот осомничен поради тешките околности на делото и страв дека нема да го повтори делото. Градот Дарувар одлучи да ја прогласи среда 24 јули за Ден на жалост. Денот …

Continue Reading

Силен земјотрес среде ноќ ја погоди Албанија: Почувствуван во Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина

Силен земјотрес  ја погоди областа во Јадранското Море кај Албанија. Земјотресот со јачина од 4,6 степени се случи на 48 километри северозападно од Тирана во 2:42 часот по локално време. Освен во Албанија, земјотресот е почувствуван и во Црна Гора, БиХ и Хрватска.  

Continue Reading

Макрон одбива да назначи премиер договорен од левицата

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека владата во заминување ќе остане на функција до средината на август додека Франција е домаќин на Олимпијадата, отфрлајќи го обидот на левичарскиот сојуз да наметне нов премиер. Француската левичарска коалиција Нов народен фронт, која освои најмногу места во парламентот на изборите овој месец, но не и мнозинство, вчера објави дека ќе го номинира експертот …

Continue Reading