Загина 50-годишен мотоциклист по судир со возило со холандски таблички во Скопје
Педесетгодишен мотоциклист почина откако доби тешки повреди по судир со возило со холандски регистарски таблички, управувано од Холанѓанец. Несреќата се случи вчера на крстосницата на улицата „518“ и булеварот Гоце Делчев во Скопје. „Вчера во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ’киа’ со холандски национални ознаки, управувано од Б.С.(43) од Холандија …
Continue Reading
На журка кај Бабуна, велешко, синоќа уапсени деветмина, полицијата им нашла дрога
Велешката полиција синоќа уапси девет лица од кои тројца малолетници оти на журка кај местото викано Бабуна, велешко, им нашла дрога. „Во периодот од 22.00 часот на 20.07. до 01.30 часот утрово, за време на одржување забава на место викано ’Бабуна’, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Ѓ.(29), Ф.Ј.(30), Ф.Ѓ.(29), сите од Скопје, М.Н.(22) од Прилеп, …
Continue Reading
Анхоч Дискавери го отвори најексклузивниот продажен салон за ИТ, гејминг и аудио опрема во Македонија
Најголемата македонска ИТ компанија Анхоч го отвори својот најнов, модерен продажен салон – Анхоч Дискавери (Anhoch Discovery) во Рамстор Мол во Скопје. Овој салон на 500 квадратни метри ќе стане вистински рај за сите љубители на ИТ, гејминг и аудио опрема, рекоа претставниците на компанијата на отворањето. На свеченото отворање присуствуваа стотици посетители кои ги видоа новитетите што ги нуди …
Continue Reading
ЛДП прашува дали Скопје има градоначалник и бара да се искоси тревата и да се средат парковите
Неискосена трева, паднати гранки од дрвја, несредено зеленило е секојдневната слика на парковите и зелените површини во Скопје, реагираат од Либерално-демократската партија. „Градот Скопје, како и претпријатието ’Паркови и зеленило’ не само што не се грижат за изгледот на зелените површини, туку и не се грижат за здравјето, благосостојбата како и квалитетот на живот на нашите граѓани. Токму затоа очекуваме …
Continue Reading
Дино Имери и Драган Ѓорѓевиќ-Сузуки вечерва на „Охридско лето“
Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на извонредниот српски виолончелист Драган Ѓорѓевиќ Сузуки и еден од најдобрите пијанисти во Македонија, Дино Имери што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот. Професионалната критика го оценува Драган Ѓорѓевиќ како една од најоригиналните уметнички личности на неговата генерација. Именуван како еден вид српски амбасадор на виолончелото, …
Continue Reading
Тринаесетмина скопјани вчера казнети оти возеле без возачка дозвола
Вчера во Скопје секторот за внатрешни работи казни 103 лица за сообраќајни прекршоци. „На територија на град Скопје вчера изречени се вкупно 103 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 12 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, осум санкции за управување возило со брзина поголема од пропишаната, седум мерки за некористење сигурносен појас… Сообраќајните …
Continue Reading
Ограбиле фирма во Долно Српци, полицијата ги фати и ги уапси сосе украденото на патот Битола-Прилеп
Битолската полиција вчера уапси двајца крадци на регионалниот пат Битола-Прилеп. Се сомничат дека дената украле повеќе предмети од фирма во селото Долно Српци, а полицијата ги уапси вечерта. „Вчера во 20.10 часот на регионалниот пат Битола – Прилеп, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Р.(31) од Прилеп, со привремен престој во с.Ивањевци, општина Могила и Д.А.(37) од …
Continue Reading
Армиски хеликоптер полета кон пожарот кај Македонски Брод, но се врати оти од премногу густ чад не може да дејствува, рече Ангелов
Од вкупно триесет пожари вчера, девет се уште се активни, а под контрола за да не се шират се ставени пет, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Петнаесет пожари се целосно изгаснати, но Ангелов вели дека не се сигурни оти повторно се разгоруваат. Активните пожари и денес ќе се гасат со ертрактори и хеликоптери. …
Continue Reading
Серија земјотреси на Крит утрово, најсилниот со магнитуда од 5,3 степени
Серија земјотреси на Крит утрово регистрираат грчките сеизмолошки лаборатории. Најсилниот е со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер од четири часот утрово по локално време. Последниот земјотрес е од седум часот утрово, по полкално време, со магнитуда од 3,1 степен според Рихтер. Нема информации за повредени или материјална штета.
Continue Reading