Кривична против прилепчанец за полово вознемирување, испратил експлицитни фотографии на женско лице

СВР Битола поднесе кривична пријава против 53-годишниот И.Р. од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“, извести МВР. „На 14.06.2024 на социјална мрежа, пријавениот испратил фотографии со експлицитна содржина на женско лице“, соопшти МВР.

Continue Reading

Почина осуденик во Идризово, телото е дадено на обдукција

Денеска во 02.08 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во амбулантата во установата починал осуденикот А.К. на 63-годишна возраст, извести МВР. „Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопшти МВР.

Continue Reading

Уапсен 53-годишник, извршил обљуба врз малолетник од Струмица со пречки во развојот

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 53-годишно лице од струмичко, кој се сомничи дека околу 11.30 часот во подрумски простории на станбена зграда во Струмица извршил обљуба врз малолетник од Струмица со пречки во развојот, извести МВР. „Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно …

Continue Reading

(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 39 тони вода врз пожарот меѓу селата Драгоево и Селце

Денеска полициски воздухоплов од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици продолжи да дејствува на пожар што избувна на планината Серта, меѓу штипските села Драгоево и Селце, извести МВР. При дејствувањето во 26 налета се исфрлени 39 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење, соопшти МВР.

Continue Reading

(Видео) Вучиќ го испрати Шолц до автомобилот: „Да ми објасни некој што чека?“

Србија денеска потпиша Меморандум за разбирање со Европската Унија за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила. Овој потег ја носи Србија чекор поблиску до започнување на ископ на литиум на западниот дел на земјата, на што силно се спротивставуваат еколошките активисти, граѓанските движења и речиси целиот опозициски корпус. Документот го потпишаа извршниот потпретседател …

Continue Reading

(Видео) Русите осудија американски новинар на 16 години затвор, велат дека шпионирал за ЦИА

Русите го осудија американскиот новинар Еван Гершкович на 16 години затвор под обвинение за шпионажа во судењето обвиено во тајност. Инаку, ова е прва осуда на американски новинар за шпионажа во Русија од крајот на Студената војна пред повеќе од 30 години. Да потсетиме, Гершкович беше уапсен во март минатата година во градот Екатеринбург. Русите го обвинија дека собира тајни …

Continue Reading

Николоски-Силвестри: Имаме потенцијал за поголема економска соработка

Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри. На средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји. Министерот Николоски ја потврди добрата соработка со Италија и нагласи дека поддршката што ја …

Continue Reading

Средба на министерот Тошковски со Гуалано де Годој, претставник на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР)

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со Габриел Гуалано де Годој, претставник на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во нашата држава. На средбата беше потврдена добрата соработка на МВР со УНХЦР, заедничките постигнати резултати, а соговорниците разговараа и за актуелни прашања, како и за натамошната соработка. „Заеднички го истакнавме фактот дека Македонија …

Continue Reading

(Видео) Убиен Фатон Хајризи: српската полиција го ликвидираше убиецот на полицаецот

Потпретседателот на српската влада и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, објави дека е ликвидиран Фатон Хајризи, Албанец кој уби полицаец во Србија. Припадници на полицијата го ликвидирале убиецот на полицаец во околината на Лозница“, изјави Дачиќ кој излезе на местото на настанот. Според првите информации кои ги пренесоа српските медиуми, Хајризи се обидел да ја помине Дрина и да …

Continue Reading