Украинска политичарка застрелана во глава: „Ситуацијата е сериозна“
Непознат сторител пукал во Ирина Фарион, поранешна украинска пратеничка од крајната десница, соопштија украинските власти. Фарион (60) е хоспитализирана со прострелна рана во главата, соопшти украинската национална полиција. Нејзината состојба е „исклучително сериозна“, додаваат тие. Полицајците се обидуваат да го идентификуваат напаѓачот, пишува Киев Индепендент. Претседателот Володимир Зеленски беше информиран за ситуацијата од страна на министерот за внатрешни работи и …
Continue Reading
(Фото) Во Белград запленети 8,5 килограми кокаин вреден над еден милион евра
Српското Министерство за внатрешни работи пријавило дека во Белград биле уапсени двајца мажи М.П. (37) и М.Б. (55) поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Полицијата го привела М.П. и М.Б. на територијата на Пожега во Србија при примопредавање на 100 грама кокаин, а при претрес на станови и …
Continue Reading
Танец ја доби првата жена директор во својата 75-годишна историја
НУ Ансамбл за народни игри и песни – Танец соопштува дека согласно решението од Министерството за култура и туризам на РСМ, потпишано денеска, 19.7.2024 година, од министерот за култура Зоран Љутков, за вршител на должноста директор на НУ Танец е назначена Весна Митевска. Назначувањето доаѓа по личното барање за разрешување на досегашниот директор Мартин Вучиќ, кој ја извршуваше функцијата директор …
Continue Reading
Русите нудат парична награда за првиот уништен Ф-16
Руски фирми нудат парични награди за уништување на F-16 Fighting Falcons, охрабрувајќи ја својата војска да ги уништи западните авиони кои наскоро ќе се појават над небото на Украина. Ова првпат беше објавено на каналот Телеграм на руското Министерство за одбрана на почетокот на оваа недела. „Ќе има награда за уништување на борбените авиони Ф-15 и Ф-16. Наградата за првиот …
Continue Reading
Бајден за пресудата против новинарот на Волстрит журнал: Русите го прогонуваат затоа што е Американец
Американскиот претседател Џо Бајден остро ја критикуваше 16-годишната затворска казна за американскиот новинар Еван Гершкович изречена од рускиот суд во петокот, велејќи дека Русија го прогонува „затоа што е новинар и Американец“. Во соопштението објавено од Белата куќа, Бајден рече дека Гершкович „не извршил никакво злосторство“, додавајќи дека американската влада ќе продолжи да се бори за ослободување на новинарот на …
Continue Reading
(ВИДЕО) Роверот на Марс случајно скрши карпа и пронајде нешто неочекувано
Кога роверот на НАСА Curiosity со своите 899 килограми помина над карпата на 30 мај, таа се скрши. Научниците биле изненадени кога забележале жолти сулфурни кристали во нејзината внатрешност. Иако сулфатите се доста чести на Црвената планета, ова е првпат таму да се најде сулфур во неговата чиста елементарна форма. Кога мислиме на сулфур, обично помислуваме на мирисот на …
Continue Reading
Зеленски ја моли новата британска влада: „Дозволете ни да ја нападнеме Русија со моќни ракети“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се обрати на министрите на новата британска влада, на покана на премиерот Кир Стармер, и го повтори апелот до западните сојузници да дозволат напади врз Русија со ракети со долг дострел. Зеленски е првиот странски лидер кој лично се обратил пред британскиот кабинет откако поранешниот американски претседател Бил Клинтон го стори тоа во 1997 …
Continue Reading
(Видео) Вака изгледаше прекинот на американскиот воздушен сообраќај поради ИТ дефектот
Тајмлапсот од 12 часа покажува како воздушниот сообраќај низ Америка полека запре бидејќи Федералната управа за авијација приземји голем број летови поради технички дефект во информациските системи. За потсетување, бројни институции и компании ширум светот, вклучително и аеродроми, банки, болници и медиумски куќи, пријавија технички дефекти што им предизвикуваат потешкотии. A 12-hour timelapse showing plane traffic over the US as …
Continue Reading
Меѓународниот суд на правдата: Израелската окупација на палестинските територии е нелегална и мора да престане
Меѓународниот суд на правдата во необврзувачко советодавно мислење прогласи дека континуираното присуство на Израел на окупираните палестински територии е незаконско и треба да престане „што е можно поскоро“. Одлуката на таканаречениот Светски суд не е обврзувачка, но е значајна бидејќи има авторитет на меѓународното право и може да ја ослаби поддршката за Израел. Највисокиот суд на Обединетите нации соопшти дека …
Continue Reading